Кога зборовите пресушуваат, срцето е медиум за тишината

Нема да те разберам и да бидам искрен не сакам да те разберам. Сакам да уживам во твојата неразбирливост затоа што ти си лудилото кое ми е потребно. Непотребно лудило кое е неопходно за живот. Знам дека нема смисла, многу работи немаат смисла. Не сакам да ме сфатиш, бидејќи знам дека нема да ме сфатиш, такви сме ние, несфатени затоа што често удираме со главата во ѕид. Како тоа да ни е неостварено хоби.

koga zborovite presusuvaat srceto e medium za tisinata 01

Како да бидеме она што сакаме без притоа да ги повредиме другите. Тешко е нели?

Нема зборови, затоа што кога ќе се кажат работите се губи смислата, особено кога ќе се изговори вистината, колку и да тврдат луѓето, тие не сакаат да ја слушнат вистината. Не ме гледај збунето, нема да затропам на твојата врата, затоа што јасно ми е каков знак стои таму.

Само ме интересира дали некогаш ќе си помислиш што ако беше поинаку? Дали во твоите осамени ноќи кога ќе ја запалиш ноќната ламба за да прочиташ книга, како што обожуваш, дали тогаш ќе де присетиш на мене, на моите зборови?

Не ме боли тоа што не сме, ме боли тоа што можеме да бидеме, затоа што имаме сè, а сепак... Многу неискажани зборови.

Кога зборовите пресушуваат, срцето е само медиум за тишината. Немам што друго да додадам.

Луѓето велат, секое добро за зло и злото за добро, се зависи од кој агол го гледаме. Затоа добро ли е – секогаш е кратко, а за да опстојува подолго време треба да го употребуваме почесто, но најчесто најдобра школа ни е злото, односно она што ние го гледаме како зло. Можеби не е така, бидејќи болката во злото не тера да се преиспитуваме, повеќе да внимаваме, да ги бараме причините, да се преиспитуваме, повеќе да внимаваме и преку тоа да е исчеличиме станувајќи поотпорни и поискусни.

Додека минува животот сфаќаш дека тој не ти дава повеќе од она што можеш да го издржиш, а кога сè ќе сумирам, можам да кажам дека паѓав кога мислев дека е најдобро.

Палам цигара, иако си ветив дека нема да пушам. Ми мрзнее лицето, заедно со душата, рече ќе се менуваш, зошто не се промени?

Зошто не посака на момент да заборавиш и да се препуштиш, зарем овие раце не се доволни?

Пак се фатив во мисли, размислувајќи одново и одново, не е ова патетика, не е ова жалење по тебе и залудно посакување на нештата кои што нема никогаш да се случат. Едноставно ова е говор кон небото, за да си ја олеснам душата. Не чекам одговор, сите одговори се јасни. Сите желби започнуваат и завршуваат со два едноставни зборови, да или не, кои моравме да ги изговориме.

Дали негиравме од неискуство и страв или потврдувавме заради истото? 

Дали го правевме спротивното од насобраните искуства. Зошто бевме толку комплицирани. Зарем не го гледаш сјајот во очите и оваа наивна искреност?

Зарем моето премногу е премалку?

Додека талкам во ноќта, полусвесен, можеби и полупијан обидувајќи се да го најдам патот до дома, ќе пуштам воздишка, нека оди сè по ѓаволите. Јас и ти ќе се сретнеме, некогаш....

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg