Емотивна исповед: „Првиот оргазам го доживеав со љубовникот на 32 години“
„Имав 32 години и бев 10 години во брак, кога го доживеав мојот прв оргазам со новиот љубовник. Штом брановите на задоволство го заплискаа моето тело, јас почнав да плачам. Иако чувствував вина поради тоа што зад грб му го правам на својот сопруг, знаев дека животот ми се промени засекогаш.“
Со овие зборови ја започнa интимната исповед, жената која по првпат доживеала оргазам по триесеттата година. Нејзиното искуство го опиша за порталот news.com.au.
Пред бракот, таа имала неколку трауматични искуства:
„Кога имав 18 години, во една прилика бившиот дечко насилно продре со прстите во мојата вагина, по што почнав да крварам. Бев згрозена. А, секој следен пат беше сѐ полошо. После неверојатно болните сексуални искуства, дијагностицирана ми беше ендометриоза. Тоа е нарушување при кое ткивата, што вообичаено ја прекриваат внатрешноста на матката, започнуваат да растат надвор од неа. Потоа ми беше толку страв од болки и крварења, што никако не можев да се опуштам во текот на сексот.“
Стапила во брак кога имала само 21 година, а нејзиниот сопруг никогаш претходно немал спиено со жена:
„Сопругот никогаш не беше претерано сензуален. Но, тоа не ми пречеше, затоа што не бев ни јас. Се срамев од своето тело. Тој секогаш свршуваше после само неколку минути, а мене никогаш не ме воодушевуваше мастурбацијата. Се обидов да користам вибратор, ама ниту тоа не ми се допадна.“
Набрзо добиле деца, а малку по малку, помеѓу неа и сопругот сосема исчезнала интимата. Откако поминала операцијата, пак, со која ѝ била отстранета матката, нејзините стравови ги снемало.
Па, на сопругот му предложила да се обидат да имаат секс трипати седмично. Меѓутоа, тој ја исмеал:
„Поради неговата реакција се чувствував непосакувана, непривлечна и несакана.“
Наскоро запознала нови пријатели во драмската група што ја посетувала, а особено се зближила со еден маж:
„Му открив дека маж ми ме нема допрено цели две години, а тој ми рече дека не е нормален, бидејќи сум прекрасна. Тешко ми беше да му поверувам. Му се доверив и дека со моето тело нешто не е во ред, како и дека не сум во состојба да доживеам оргазам.“
Нејзиниот нов пријател не ѝ поверувал, па ѝ предложил да направат експеримент:
„Бев ужасно нервозна, затоа што десет години не бев била со нов маж. Но, тој тоа го препозна и одеше пополека. Кога почна да ми пружа орален секс, сфатив дека никогаш не сум доживеала нешто слично. Во еден миг, пак, навлезе со прстите во мене и го забрза ритамот. Тогаш се случи и тоа. Не беа огномети во прашање, ама јас навистина доживеав оргазам. Кога после тоа почнав да плачам, ме држеше во прегратка и ме милуваше.“
Таа ноќ сфатила дека со мажот не ѝ недостасува само секс, туку и чувство на блискост, па одлучила да го остави.
Неколку месеци подоцна, таа започнала врска со својот љубовник.
М. А. | Црнобело