Како да не си ја упропастите шансата да ја запознаете љубовта на вашиот живот?
Чао, чао старомодни сфаќања! Новите љубовни правила од 21-от век се тука.
Предновогодишниот период како по автоматизам да носи поставување на нови правила за себеси. Но, знаете ли што е забавно? Да се ослободите од сите тие бескорисни правила, особено кога е во прашање љубовта и сексот.
Некои совети веќе како да не функционираат во реалноста.
Време е да тргнете некои препреки од умот кога е љубовта во прашање:
Не му се јавувај веднаш
Правилото дека треба да чекаш неколку дена пред да му се јавиш е навистина старомодно. Како може покажувањето на интерес за некого да биде нешто негативно?
Луѓето сакаат луѓе што ги сакаат нив, така што јавете му се на тој што ви се допаѓа кога и да посакате.
Ако имаш секс веднаш, врската нема да успее
Нема контрадикторност помеѓу сексуалната хемија и долготрајните врски. Многу успешни врски започнале од авантури.
Постојат некои истражувања кои тврдат дека луѓето што имаат секс веднаш имаат помалку среќни врски, но тоа не мора строго да значи дека проблем е што имале секс, туку што не работеле на својата интимна поврзаност потоа. Ако ги правите двете работи, тогаш нема причина за грижа.
Состанувај се само со луѓе кои ги задоволуваат твоите специфични критериуми
Ние сме ужасни судии кога треба да процениме кој човек најдобро ни одговара и понекогаш тоа што ни одговара може навистина да не изненади. Затоа специфичните правила од типот мора да има диплома, да живее таму, да се облекува така, заборавете ги.
Убаво е да се има стандарди, но не и да се претера затоа што така може да си ја упропастите шансата да ја запознаете љубовта на вашиот живот.
Чекај другата личност да го направи првиот потег
Вака особено се советуваат жените и ова воопшто не е точно. Жените кои им пишале први порака на мажите на сајтови за состанување статистички имале повеќе успех од мажите и завршуваат со поатрактивни партнери од жените кои не го прават тоа.
Ова е 21-ви век, преземете ги работите во свои раце!
Мора да бидеш пријател со сите пријатели на партнерот
Кој рече дека треба да минувате време со луѓе кои прават да се чувствувате мизерно?
Да, бидете фини и културни со нив, но тоа не значи дека треба да ви бидат задолжителен дел од секојдневието. Вашиот партнер ќе мора да го почитува тоа.
С. С. | Црнобело