Водич за парови: Дали врската ви е вредна за спасување?
Дали сте заробени во бесцелна низа на кавги и конфликти или ова е само еден турбулентен период кој наскоро ќе помине?
На почетокот од врската ви изгледа дека вашиот партнер е најдобрата личност на светот, се сметате за среќник што го пронајдовте, секоја негова шега ви е забавна, а секоја ноќ ви е ноќ за состанок. Романсата е нова и свежа и вие не можете да бидете посреќни.
Но, што кога со текот на годините работите ќе почнат малку да се менуваат и тешки патишта дојдат на ред, дали тогаш треба да си заминете или да вложите енергија да ја вратите врската на вистинскиот пат?
Овој водич за парови ќе ви покаже дали вашата врска е вредна за трудот.
Одговорете си на прашањата и ако потврдните одговори натежнуваат, тогаш засукајте ги ракавите и време е за работа:
С. С. | Црнобело