Карактеристики на кои мажите обрнуваат внимание пред да ја запросат девојката
Постојат некои мислења и верувања дека мажите ги сакаат само жените со добар изглед, неверојатно тело и облини.
Сепак, тоа не е вистина, бидејќи и мажите сакаат долги врски исполнети со љубов и разбирање, а тоа не можат да го добијат од секоја девојка.
И мажите имаат критериуми по кои тие одлучуваат која девојка ќе биде таа со која ќе останат засекогаш, а која е само минлива.
Дознајте низ следниве илустрации кои се квалитетите кои девојката треба да ги поседува, за мажот да се одлучи на „најтешкиот“ чекор – да ја запроси:
Интелигенција
Оваа особина е една од најважните која е пресудна за стабилна врска – никој не сака да се чувствува чудно и непријатно заради „глупавото“ однесување на партнерот. Вистинските мажи сакаат покрај себе да имаат интелигентна и паметна девојка со добри манири.
Верност
Да бидеме реални, никој не сака да биде изневерен, па затоа и мажите сакаат да најдат девојка која ќе го помине животот само со него, бидејќи некои рани никогаш не се лекуваат.
Самодоверба
Самодовербата игра многу поголема улога отколку самиот изглед на личноста. Ако жената се чувствува прекрасно и зрачи одвнатре со својата убавина која ја пренесува секому, тогаш секој ќе го мисли истото.
Љубезност и добрина
Никој не сака луѓе кои им мислат лошо на другите. Но, за разлика од таквите, жените кои им мислат добро на останатите и не се завидливи, зрачат одвнатре и ги привлекуваат мажите.
Сочувство и разбирање
Ако жената е подготвена да сочувствува со партнерот и неговата ситуација и има разбирање за неговите чувства и расположение, таа веднаш станува подопадлива во очите на мажот, бидејќи му дава до знаење дека секогаш ќе го поддржува.
Способност и желба за сослушување
Мажите не се отвораат многу често и не ги искажуваат чувствата како жените. Но, кога ќе го направат тоа, ценат ако жената ги слуша внимателно и им даде совет или барем се заинтересира за тоа што има тој да каже.
Независност и слобода
Секако, доколку мажот ја сака својата девојка, ќе се грижи за неа и ќе сака да поминуваат време заедно. Но, мажите не сакаат жени кои се зависни од нив и не им дозволуваат слобода. Тие не сакаат нивната сопруга да им биде мајка ниту дадилка.
Едноставност
На сите мажи им е смачено од „драма кралици“ кои ги преувеличуваат работите и се самосожалуваат. Здосадено им е од вниманието кое сакаат да го привлечат и сакаат поприродни и едноставни девојки со кои ќе го поминат животот заедно.
Директни и отворени
Никој никому не може да му ги чита мислите. Затоа мажите ценат кога девојките отворено зборуваат за нивните желби, потреби, мисли и чувства. Тоa помага да се избегнат понатамошни конфликти и недоразбирања.
М. М. | Црнобело