12 карактеристики кои луѓето со анксиозност ги бараат во партнерот

Анксиозноста игра голема улога во животот на луѓето кои се будат и заспиваат со неа. Љубовните врски не се исклучок.

12-karakteristiki-koi-lugjeto-so-anksioznost-gi-baraat-vo-partnerot-01.jpg

Секоја личност е различна, исто како и нејзината анксиозност. Сепак, постојат 12 идентични работи кои би требало да му ги пружите на анксиозниот партнер, секако, покрај љубовта.

Анксиозните лица имаат потреба од партнер кој...

Е секогаш доследен

Доследноста е клучна карактеристика доколку сакате врската со анксиозна личност да успее. Мора да покажете дека сте вредни за довербата која ја имаат во вас. Ако кажувате едно, а правите друго, ова ќе го натера анксиозниот партнер да се посомнева во љубовта.

Ја разбира потребата да анализирате и објаснувате едно исто по стопати

Луѓето со анксиозност имаат потреба од човек со кој ќе може да ги анализираат ситуациите повторно и повторно додека самите не почувствуваат потреба да престанат. Некој кој ќе ги слуша внимателно додека навлегуваат во најситниот, неважен детаљ.

Има доволно трпение

Сите сме тешки за толерирање понекогаш. Но, прагот на толеранција мора да ви е екстремно висок доколку сакате личност со анксиозност.

Знае дека неговите дела треба да зборуваат погласно од зборовите

Луѓето со анксиозност не веруваат многу на зборови. Имаат доверба само ако го правите тоа што сте кажале.

Нема да ги игнорира

Луѓето кои живеат со анскиозност имаат потреба од партнер кој нема да ги игнорира во стресните периоди. Бараат човек кој ќе знае да се справи со нивната најлоша верзија.

12-karakteristiki-koi-lugjeto-so-anksioznost-gi-baraat-vo-partnerot-03.jpeg

Е искрен

Никој не сака партнер кој лаже. Но, ситните лаги понекогаш ги толерираме од различни причини. Сепак, луѓето со анксиозност не си дозволуваат таков „луксуз“.

Секогаш прифаќа извинување

Луѓето со анксиозност се извинуваат за најмали ситници. И неопходен им е партнер кој ќе знае да ги прифати сите извинувања.

Секогаш се придржува до плановите и договорите

Лицата кои се борат со анксиозност имаат потреба од партнер кој нема да ги откаже или промени плановите во последна минута. Тоа само им ја влошува состојбата.

Е добар слушач

Анксиозните партнери имаат потреба да го ослободат умот од мислите кои им тежат. А, за да можат да го направат тоа им треба партнер кој ќе сака да ги сослуша без да ги прекинува или да превртува очи.

Разбира дека едноставно некогаш не можат

Секојдневието со анксиозен партнер е непредвидливо. Па, ќе мора да имаат голема доза на разбирање доколку лицето со ансиозност рече дека едноставно нешто не може, без оглед дали се работи за план или активност. И запомнете, без форсирање и лутење.

12-karakteristiki-koi-lugjeto-so-anksioznost-gi-baraat-vo-partnerot-02.jpg

Нема да избега во врвот на анксиозните напади

Важно им е да знаат дека до себе имаат партнер кој ќе ги држи за рака додека анксиозноста напаѓа од сите страни.

Нема да ја порекнува нивната состојба и ќе се обиде да открие нешто повеќе за да им ја олесни анксиозноста

Никогаш, апсолутно никогаш не ја побивајте менталната состојба на анксиозната личност или не ја третирајте несериозно. Наместо тоа, ако е љубов во прашање, повеќе истражете како да ја олесните.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg