Лаги кои ги изговараат сите жени на почеток од врската
Кога љубовта е во зародиш, секоја личност сака да му остави што подобар впечаток на партнерот, прикажувајќи се себеси како совршен материјал за врска. Признајте – и самите сте едни од нив.
Сите сме склони кон претерување или преувеличување на нештата, само за ѝ се допаднеме што повеќе на другата страна.
Иако лажат и мажите, овој пат ви ги откриваме петте најчести невистини, со кои припадничките на понежниот пол се обидуваат да ја стекнат наклонетоста на своите партнери.
Лагите кои ги изговораат сите жени на почеток од врската се:
1. „Не сум љубоморна.“
Мнозинството жени нема да признаат дека во себе ја носат оваа особина.
Посебно на почетокот од врската и ако партнерот претходно им признал дека поранешните партнерки му биле посесивни.
Таквите нешта излегуваат на виделина дури подоцна.
2. „Сѐ е во ред.“
Ова е реченицата која буквално секоја жена долж светот ја има изговорено, иако ама баш ништо не ништо не било во ред, особено на почетоците од врските. Зошто така се однесуваат?
Затоа што сакаат нивниот партнер самиот да сфати каде погрешил, без тие самите да мора да му говорат.
Но, кога ќе приметите дека оваа реченица ја повторувате и подоцна, јасно ќе ви стане дека тоа не оди така со мажите.
3. „Мајка ти е супер!“
На почетокот од врската, не постои ниту една друга реченица за опис на неговата мајка, освен гореспоменатата. Дури и ако девојката реално нема такво мислење.
За волја на вистината, на мажите нема им биде прифатливо ни подоцна. Но, сепак е многу полесно да му кажете дека не се сложувате со неа по неколку месеци, одошто уште веднаш, зар не?
4. „Парите не се важни.“
Не, тоа не значи дека жените се материјалистки, па за мажот е нужно да има голема плата, или, пак, да биде богат наследник.
Меѓутоа, тој мора да се труди, да сака и да знае да заработи, како и паметно да располага со парите.
5. „Совршен си.“
Како што веќе и напоменавме, мноштво жени се склони кон секакви претерувања на почетокот од врската.
Пофалбите на сметка на партнерот се едни од нив. Опсипувајќи го со комплименти, сакаат тој да се чувствува попосакувано, иако уште тогаш ги препознаваат работите што им пречат.
Притоа, ниту тие се лоши, ниту пак мислите им се такви.
М. А. | Црнобело