Знаци кои покажуваат дека пријателот има чувства за вас
Извинување
Добрите луѓе и пријатели секогаш ќе ви се извинат доколку ве навредат, повредат или разочараат. Но, заљубениот пријател ќе клекне на колена и ќе моли за прошка бидејќи се плаши да ја изгуби вашата доверба.
Однесување под дејство на алкохол
Алкохолот прави сè да изгледа полесно и секој си ја открива својата тајна, но има разлика помеѓу тајната на пријател и тајната на оној кој ве гледа како нешто повеќе.
Запознавање со други жени
Пријателот кој има чувства за вас секогаш ќе одбива да го запознаете со вашите пријателки, за разлика од вистинските пријатели кои секогаш ве тераат да му „наместите“ некоја.
Мислење за вашиот партнер
Ако пријателот ви го насочува вниманието кон недостатоците на вашето момче, веројатно сака да се ослободите од него и тој да го замени неговото место.
Меморија
Секој може да заборави нешто што ќе му кажете во минатото, но пријателот кој чувствува нешто повеќе за вас, никогаш нема да заборави ништо и ќе помни сè што некогаш сте му кажале.
М. М. | Црнобело