Лаги кои девојките толку често ги кажуваат, што дечковците не ги ни забележуваат

Свесни сме дека лажењето не е за пофалба. Знаеме и дека не сакаме некој било кога да нѐ лаже. Меѓутоа, вистината е дека (речиси) сите лажеме...

lagi-koi-devojkite-tolku-chesto-gi-kazhuvaat-shto-dechkovcite-ne-gi-ni-zabelezhuvaat-1.jpg

Го лажеме шефот, колегите, другарите, пријателката, родителите, и, секако – емотивните партнери. Според некои истражувања, не постои ни ден без барем една изговорена лага. Но, тоа се сепак мали, безопасни лаги, без позначајни последици.

Лажеме за да се одбраниме, да не бидеме повредени, или, пак, самите да не повредиме некого...

А, кога се припадничките на понежниот пол во прашање, неретко се служат со неколку лаги во комуникацијата со партнерот. Колку и да сте искрени во врската, веројатно и самите ги имате кажано повеќепати.

Во продолжение, ви ги споделуваме најчестите женски лаги, како и нивното вистинско значење:

Лага бр. 1

Кога таа вели: „Ми треба уште само 5 минути!“, а тоа всушност значи: „Ако баш се потрудам и побрзам, готова сум за 15 минути.“.

lagi-koi-devojkite-tolku-chesto-gi-kazhuvaat-shto-dechkovcite-ne-gi-ni-zabelezhuvaat-2.gif

Лага бр. 2

Кога таа вели: „Не сум љубоморна.“, а тоа всушност значи: „Не ни помислувај уште еднаш во животот да се завртиш по некоја жена!.

lagi-koi-devojkite-tolku-chesto-gi-kazhuvaat-shto-dechkovcite-ne-gi-ni-zabelezhuvaat-3.gif

Лага бр. 3

Кога таа вели: „Не сум гладна.“, а тоа всушност значи: „Нема да бидам гладна, додека ти не ја ставиш својата чинија пред тебе.“.

lagi-koi-devojkite-tolku-chesto-gi-kazhuvaat-shto-dechkovcite-ne-gi-ni-zabelezhuvaat-4.gif

Лага бр. 4

Кога таа вели: „Само се шегував.“, а тоа всушност значи: „Не, тоа не беше шега. Но – како што гледам по твојата реакција – подобро би ми било да не признаам.“.

lagi-koi-devojkite-tolku-chesto-gi-kazhuvaat-shto-dechkovcite-ne-gi-ni-zabelezhuvaat-5.gif

Лага бр. 5

Кога таа вели: „Не сум воопшто лута.“, а тоа всушност значи: „Се разбира дека сум лута. И, како тоа, по ѓаволите, го забележуваш дури сега?!“.

lagi-koi-devojkite-tolku-chesto-gi-kazhuvaat-shto-dechkovcite-ne-gi-ni-zabelezhuvaat-6.gif

Лага бр. 6

Кога таа вели: „Преуморна сум денеска, не можам да наминам до кај тебе.“, а тоа всушност значи: „Испружена сум во тренерки или пижами на троседот, масна ми е косата, јадам пуканки, легачам и гледам филмови. Накратко – имам малку мир за себеси, а ти си утре на ред.“.

lagi-koi-devojkite-tolku-chesto-gi-kazhuvaat-shto-dechkovcite-ne-gi-ni-zabelezhuvaat-7.gif

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg