Паровите од Кина кои сакаат да се разведат мораат да поминат низ тест
Според последните статистички податоци, во Европа на 1000 жители има 1.9 разводи, а во Кина, 1.8 на 1000 жители во земјата.
Тоа се навистина голем број на разводи и токму поради овие статистики, во кинеската покраина Сичуан, паровите не можат да се разведат без да поминат низ тестирање.
Всушност, за да го постигнат посакуваниот резултат, односно развод, паровите треба да паднат на тестот.
Каков е овој тест, какви прашања содржи, на кој наќин функционира и кои се неговите недостатоци, дознајте во продолжение:
Тестирање за развод
Мажите и жените кои сакаат да се разведат, мора да добијат согласност од другиот сопружник и тоа е секаде така. Но, во Кина, дури и откако двајцата ќе се согласат на развод, мора да поминат низ тест.
Сопружниците одговараат на прашањата од тестот во различни соби, независно еден од друг.
Секој од нив може да освои максимум 100 поени , но доколку сакаат да постигнат развод, треба да освојат помалку од 60 поени. Доколку имаат над 60, судијата нема да одобри развод.
Какви прашања содржи тестот?
Во тестот има изјави со кои паровите треба да се сложат или да ги негираат, има прашања кои бараат краток одговор и прашања во кои мора да одберат еден од понудените одговори.
Прва категорија на прашања:
- Кога е вашата годишнина од бракот?
- Која година е роден партнерот и децата (ако имаат)?
- Кое е омиленото јадење на вашето дете?
- Дали ги делите обврските во домот со сопругот/сопругата?
Втора категорија на прашања (дел од нив):
- Кога последен пат почувствувавте нешто еден за друг?
- Колку често одите на семејни патувања?
- Кое е најголемото несогласување во семејството?
- Која е одговорноста на вашиот/а сопруг/сопруга во семејството?
Недостатоци
Тестирањето за развод, според судијата, помага да се најдат проблематичните точки во бракот, а потоа, откако ќе се смири ситуацијата, парот може да разговара.
Како резултат на тоа, сопружниците многу често наоѓаат компромис и воопшто не доаѓа до развод, а тоа е и посакуваниот резултат.
Но, сепак овој метод има и недостатоци:
1. Првата слабост е недостатокот на информации за да се одобри развод. Многумина сметаат дека тие прашања не се доволни за да се донесе таква одлука, иако судијата тврди дека одлуката не се базира само на резултатите од тестот, туку и од дополнителни информации.
2. Втората слабост е тоа што судијата не е психолог кој е стручен за оваа тема. Тој го прави тестот сам и независно, иако овој проблем треба да се препушти на професионалци во полето на љубовните и семејните односи.
М. М. | Црнобело