Колкави се шансите да ви се случи вистинска љубов преку интернет?

Наспроти фактот што секоја трета личност ги користи услугите и апликациите за онлајн забавување, не баш сите корисници имаат позитивно искуство. Што навистина се крие зад светот на виртуелната љубов?

kolkavi-se-shansite-da-vi-se-sluchi-vistinska-ljubov-preku-internet-1.jpg

Најновото истражување на компанијата Kaspersky Lab, предупредува дека луѓето кои својата „подобра половина“ ја бараат на интернет, може мошне често да бидат разочарани.

Многу од нив веќе се нашле, или, пак, допрва ќе се најдат во ситуации, кога корисниците од другата страна се измамници, односно луѓе кои користат лажни податоци и фотографии, како и малициозни линкови, со цел да им дознаат лични и приватни информации.

kolkavi-se-shansite-da-vi-se-sluchi-vistinska-ljubov-preku-internet-2.jpg

Воедно, истражувањето открива и дека личностите кои навистина ја бараат својата сродна душа на платформите за онлајн забавување, како што се Tinder, Bumble, OK Cupid или Badoo, се во малцинство, при што само 11 проценти од нив ги користат платформите за да пронајдат партнер за брак.   

Од друга страна, речиси половина (48%) од испитаниците, ги користат овие платформи исклучиво за забава, додека отприлика секој десетти корисник (13%), едноставно сака да најде партнер за сексуален однос.

kolkavi-se-shansite-da-vi-se-sluchi-vistinska-ljubov-preku-internet-3.jpg

Светот на виртуелните љубовни контакти е и полн со неточни и лажни информации, што може да им предизвика уште повеќе проблеми на корисниците кои навистина сакаат да пронајдат љубов.

Онлајн забавувањето е одличен начин за запознавање нови луѓе во денешниот, поврзан и динамичен виртуелен свет, па не зачудува што секој трет корисник ги посетува ваквите платформи. Меѓутоа, не е сѐ така едноставно, а оние кои ја бараат својата сродна душа преку интернет, наидуваат на голема количина на лажни информации, измамници или скриени мотиви во текот на потрагата. Сѐ поголем број на луѓе изнесуваат лажни информации, обидувајќи се да бидат што попривлечни и позанимливи. А, ова укажува дека тие ги искористуваат дигиталните услуги за да манипулираат со информациите, на начинот на кој тоа е не е возможно да го направат во реалниот свет.“, истакна Андреј Мочола од Kaspersky Lab.

kolkavi-se-shansite-da-vi-se-sluchi-vistinska-ljubov-preku-internet-4.jpg

Повеќе од половина (57%) од испитаниците, признале дека не даваат точни информации при регистрацијата и пријавувањето на овие платформи, за да нивните онлајн профили изгледаат попримамливо во однос на реалниот живот. Други, пак, истото го прават за да ги фатат своите партнери во прељуба.

Сѐ  поголемото користење на лажни податоци, во голема мера ги одвраќа корисниците од употреба на платформите за запознавање, дружење и допишување.

kolkavi-se-shansite-da-vi-se-sluchi-vistinska-ljubov-preku-internet-5.jpg

Притоа, секој петти испитаник (19%), тврди дека поради лажните фотографии, нема желба да ги користи нивните услуги, додека еден од десет корисници (12%), незадоволни се од лажните очекувања за потенцијалните врски, или, пак, неточните информации за моменталниот љубовен статус (11%).

Интересен, но и ироничен е податокот, дека неточните информации повеќе им пречат на корисниците кои и самите даваат лажни информации, одошто на тие кои се искрени.

kolkavi-se-shansite-da-vi-se-sluchi-vistinska-ljubov-preku-internet-6.jpg

Иако лажните информации во најголема мера влијаат на нивната желба за (не)користење на платформите за онлајн забавување, корисниците исто така ги одвраќаат и потенцијалните безбедносни закани.

Во тој контекст, секој десетти корисник навел дека меѓу овие потенцијално ризични фактори се сретнале со измамници кои се обидуваат да им „извлечат“ лични информации, како и малициозни линкови и вируси, кои може да ги заразат нивните уреди.

kolkavi-se-shansite-da-vi-se-sluchi-vistinska-ljubov-preku-internet-7.jpg

Колкави се шансите да ви се случи вистинска љубов преку интернет? Статистиката и бројките ги дознавте, па на вас е да пресудите.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg