10 секс лекции од жените за мажите: Манири, ќе ве молиме
Reddit е местото каде може да прашате апсолутно сè и да поттикнете навистина корисни дискусии, па една жена реши да го постави следново прашање: Жени, што посакувате мажите да научат побрзо, во однос на сексот, за повеќе да уживате?
Очекувано, одговорите се разновидни и пристигнуваат во огромен број.
Но, ако треба да одбереме топ 10 секс лекции кои жените сакаат мажите да ги научат, изборот се сведува на следниве:
1. Не е сè до главното јадење
„Никогаш не ја прескокнувајте предиграта. Ова е одличен начин да нè подготвите за одличен финиш.“
2. Сексот не би требало да се врти околу 2 работи
„А, тоа се: 1.Сексот не е работа само на машкиот полов орган. 2.Целта не е оргазам.“
3. Лекција вредна злато
„Ве молам, не вклучувајте толкав притисок кога сте во близина на клиторисот. Јачината во овој случај не значи задоволство. Ако го притиснете, нема магично да доживееме оргазам.“
4. Престанете да се мерите
„Ајде едно клише, големината не ни е важна.“
5. Работите не мора да бидат цврсти постојано
„Откритие: Не мора цело време да бидете цврсти за работите да бидат интересни. Можеби ќе изгубите од вашата цврстина на момент, но тоа не значи дека сте потфрлиле. Во ред е, ќе ви се посветиме повторно. Телото ви е изморено, разбираме. Постојат многу работи кои може да се случат и да ја нарушат цврстината. Но, таа не е целта на сексот.“
6. Сфатете ја заштитата сериозно
„За да се опуштам неопходно е да знам дека утре нема да се занимавам со некоја полово пренослива болест или нешто многу пострашно.“
7. Манири, ве молам
„Во ред е да сакате да пробате нешто што сте виделе во еротскиот филм, но прво прашајте и разговарајте. Бидете фини и задржете ги манирите, освен ако не се согласиме и двајцата на спротивното.“
8. Комуницирајте додека консумирате
„Во ред е да поставите прашање ако не сте сигурни.“
9. Не брзајте
„Дајте ни време да се загрееме пред да преминете на главното. Не брзајте со соблекување на облеката. Не брзајте со ништо.“
10. И најважното за крај
„Не постои еден тип на секс кој ѝ одговара на секоја жена. Слушајте што таа ви кажува. Гледајте како реагира.“
М. Д. | Црнобело