Тој се здебели, таа неразумно троши: 10 најчести причини за развод
Додека на тронот и понатаму е неверството, коешто најтешко се простува, изненадување е дека многумина бараат развод бидејќи неспремни кажале „да“.
Некои љубовни приказни траат вечно. На други, пак, ниту ветувањето за верност до крајот на животот не може да им помогне.
Бракот е партнерски однос, пред сѐ, на кој неопходно е постојано да се работи и да се има бескрајно многу трпение. Заложби, кои на мажите и жени од ден во ден им претставуваат сѐ поголем предизвик.
Многу бракови се распаѓаат само неколку години после свадбата, а адвокатите ширум светот задоволно ги тријат рацете, знаејќи дека за нив секогаш ќе има работа.
Порталот Marriage.com се обиде да ја разоткрие тажната вистина зад разводите, трагајќи по причините кои доведуваат до прекин на брачната врска.
Спроведено е поголемо истражување со кое биле опфатени припадниците на обата пола, а согласно резултатите до кои дошле, составена е листа со десетте најчести причини поради кои луѓето излегуваат од брачната заедница.
На врвот останува прељубата, која сопружниците тешко можат да ја простат, но изненадува податокот дека многумина бараат развод бидејќи неспремни го кажале судбоносното „да“.
Притоа, стапката на разводи е највисока помеѓу брачните двојки кои се во 20-тите. Речиси половина од разводите се случуваат во првите десет години од бракот, особено во периодот помеѓу четвртата и осмата годишнина.
Од друга страна, зачудувачки е и колку од сопружниците сепак не се подготвени да го љубат брачниот сопатник „во добро и лошо“, туку како причина за развод го навеле неговото/нејзиното дебелеење.
Од првото до десеттото место, ви ги откриваме најчестите причини што доведуваат до неславен крај на браковите:
- Неверство
- Пари
- Недостаток на комуникација
- Постојани расправии
- Зголемување на телесната тежина
- Нереални очекувања од бракот
- Недостаток на интимност
- Недостаток на рамноправност
- Неподготвеност за брак
- Ментално или физичко малтретирање
Оваа листа може да им биде од полза и на сите што не се моментално во брак.
Покажува како може да ја изгубите квалитетната врска, доколку не го сфатите партнерот сериозно, или, пак, да потрошите неколку години од туѓиот живот, само заради сопствената неодлучност.
М. А. | Црнобело