Зошто мажите ги избегнуваат совршените жени?
Некои ќе кажат дека мажите се плашат од идеални и силни жени, други ќе се согласат дека совршениот човек не постои, па самото доделување на таков епитет на моменти плаши.
Но, која е вистината? Зошто мажите ги избегнуваат жените кои се сметаат за совршени?
Заради 6 причини:
1. Доволни си се самите на себе
Идеалните жени обично зрачат со енергија која вели „не ми треба маж“. Сосема е нормално една жена да биде образувана, да заработува сама, да се грижи за себе, меѓутоа кога сето тоа е претерано истакнато уште на првиот состанок, мажот чувствува дека таа едноставно нема потреба од него.
2. Сметаат дека немаат време за трошење
Жените кои сакаат да се дефинираат како совршени, обично немаат време за да видат како ќе се одвиваат работите и во која насока ќе тргнат емоциите. Па, автоматски за мажите тоа значи дека сакате брак и деца по неколку гледања.
3. Полни се со предрасуди
Девојката со претерано голема тежина во леопард хеланки секако не е симпатична слика, меѓутоа ако осудуваат за секоја ситница, во туѓите очи жените стануваат одбивни.
4. Да бидат „сопруги“ не им е дел од личниот опис
Има и друга крајност во споредба со потточката број 2. А, тоа е токму оваа - тие не сметаат дека треба да бидат нечија сопруга.
5. Претерано се фокусирани на себе
Егоцентричноста со тек на време станува проблем, бидејќи мажите ја толкуваат како незаинтересираност за сè што се случува наоколу.
6. Совршената убавина привлекува погрешни мажи
Мажот кој ја перципира жената исклучиво физички, со неа е од сосема погрешни причини.
М. Д. | Црнобело