15 знаци дека со партнерот ви треба кратко раздвојување

Врските се тешки и сите го знаеме тоа. Но, ако сакате врската да опстои и во најтешките времиња, неопходно е вие како единка да бидете среќни и задоволни.

15-znaci-deka-so-partnerot-vi-treba-kratko-razdvojuvanje-01.jpeg

За жал, по извесен период во врска се случува да си го изгубиме сопственото јас, па веќе да не знаеме што сакаме и за што се бориме.

Ако кавгите ви станаа секојдневие и незадоволството само се зголемува, потребен ви е одмор.

Не зборуваме за „пауза“, туку за едноставно рефокусирање на себе и одвојување повеќе време за работите кои вам ве прават среќни. И секако, истото да го направи партнерот.

15-znaci-deka-so-partnerot-vi-treba-kratko-razdvojuvanje-02.jpeg

Овие 15 знаци ви откриваат дека сте стигнати до точка каде врската ќе ви успее само ако се раздвоите на кратко:

1. Постојано се карате.

2. Иницијативите доаѓаат само од една страна.

3. Времето поминато заедно ви личи како залудно потрошено време.

4. Емотивно сте празни и неисполнети.

5. Ви недостасува да бидете сингл.

6. Не сте сигурни дали тој/таа е вистинскиот/вистинската.

7. Лесно ве иритираат и најмалите ситници.

8. Ви недостасува комуникација.

9. Навлеговте во кругот на љубомора и тешко ви е да излезете.

15-znaci-deka-so-partnerot-vi-treba-kratko-razdvojuvanje-03.jpeg

10. Не чувствувате физичка привлечност.

11. Не сте среќни.

12. Чувствувате дека сте слуга, а не партнер.

13. Контролата на секој чекор излегува од граници на нормала.

14. Се запуштивте и запоставивте себеси.

15. Сè повеќе работи сакате да правите сами.

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg