9 сигурни знаци дека не му верувате на партнерот
Вашето момче/девојка излезе на коктели со пријателите, а вие не можете да се концентрирате на омилената серија и зјапате во часовникот? Црвена тревога!
Се разбира дека не сите врски започнуваат без доверба, но некогаш се случува некаде по патот таа да биде уништена и да мора да се изгради одново.
Но за жал, во некои случаи таа може да биде премногу уништена за да се воспостави одново.
Понекогаш колку и да се трудите, некои чувства не може да исчезнат.
Во ред е одвреме навреме да се чувствувате ранливо и да барате потврда од партнерот, но постојаната недоверба е токсична.
Еве 9 сигурни знаци дека не му верувате на партнерот:
Барате од партнерот да ви докаже сѐ што ви кажува
Ако не му верувате на збор на партнерот, тогаш нешто во вашата врска е навистина погрешно.
Не говориме за потребата да ви докаже дека тој не ја направил дамката на тепихот, туку за тоа да докаже каде бил, со кого и кога.
Постојано му ги проверувате профилите на социјалните мрежи
Проверувате дали го тагнале на фотографии некои атрактивни девојки/момци или пак ставал лајкови на места каде што „не смее“. Ако неколку пати на ден ги проверувате неговите профили, тогаш имате проблем.
Профилите се заклучени со лозинки, па ако постојано размислувате за тоа дали нешто ви бега од пред очите, сосема ќе полудите.
Му ги барате лозинките од сите профили
Фесјбук, Твитер, па дури и неговиот мејл, ги имате сите негови лозинки. Ако морате да барате пристап до неговите сметки и профили за да видите дали тајно зборува со некој, тогаш вашата врска е на стаклени нозе.
Ве плаши секоја атрактивна личност што ќе ја видите
Постојано се запрашувате дали на вашиот партнер таа девојка/момче од барот му се допаѓа, го прашувате за тоа, па го обвинувате кога вели „не“. Во никој случај не можете да победите затоа што кажувањето „да“ од негова страна, па води до голема кавга.
Изгледа се чувствувате несигурно затоа што не го добивате потребното внимание во врската.
Ги прашувате неговите пријатели да потврдат каде бил
Ако не му верувате на партнерот и барате неговите пријатели да потврдат каде бил, тогаш кренете раце од врската.
Не само затоа што не му верувате на партнерот, туку и затоа што повеќе им верувате на познаници отколку на личноста што ја сакате.
Секогаш го обвинувате за работи и пред да ја дознаете вистината
Пропуштен повик од непознат број на телефонот од вашиот партнер и вие имате цело сценарио дека ве изневерува. Помислувате секогаш многу полошо од тоа што всушност е вистината.
Ако не седнете да разговарате со партнерот, врската вака нема да има иднина.
Лесно станувате љубоморни
Партнерот излегол со стари пријатели, а вие не можете да седите мирни и да се фокусирате на книгата или филмот затоа што постојано го гледате часовникот и се надевате дека ќе се врати порано дома.
Со секој минат час вие се повеќе се нервирате. Прашањето е – зошто се нервирате?
Секогаш барате утеха од пријателите
Постојано зборувате за вашата врска со пријателите и барате утеха од нив со надеж дека ќе ви кажат „сѐ е во твојата глава“.
Ако постојано барате смирување на грижите од страна на трети лица, тогаш треба да се соочите со фактот дали во вашата врска навистина има потреба од грижа.
Работите не ви „одат на добро“
Имате чувство дека партнерот ве лаже. Тоа може да е вистина, може да не, но за да не ве јаде постојано, седнете и поразговарајте со него.
Соочете се со несигурностите за во иднина да не ви влијаат и на некоја наредна врска.
С. С. | Црнобело