Според начинот на кој се држите за раце: Во каков тип на врска сте?
Држењето на рака со партнерот е природна работа која често ја правиме несвесно, спонтано и непланирано. И секако, само тој еден мал гест може да открие многу.
Научниците кои внимателно набљудувале повеќе љубовни парови, заклучиле дека начинот на кој се држите за раце зависи од тоа во каков тип на врска сте.
Во која сликичка ќе се препознаете?
Нежно допирање на прстите
Овие врски се емотивно стабилни и полни со доверба. Сакате да им покажете на другите дека сте во врска, но и да си оставите доволно личен простор за себе. Се почитувате заедно, но и како индивидуи.
Дланка во дланка
Ова често покажува кој доминира во врската. Партнерот чија рака е од внатрешната страна е „потчинет“, додека оној кој ја покажува дланката од надворешната страна е „доминантен“.
Преплетени прсти
Ова покажува дека партнерите се поврзани длабоко, емотивно, а не само физички. Се обидуваат да бидат најискрени што можат, без да ги скријат своите слабости и недостатоци. Врската им се темели на искреност и взаемна грижа.
Држење за малиот прст
Оваа врска е во забавна фаза. Партнерите уште се откриваат еден со друг и се романтични, но не се многу сериозни. Овој гест е типичен за паровите кои се во фазата на вљубување, но не делат преголема интимност.
Спонтан допир
Партнерите кои се допираат непланирано само кога одат еден покрај друг, покажуваат наклонетост и симпатии. Сепак, ретко кога овие врски прераснуваат во нешто посериозно од пријателство или авантура за неколку ноќи.
Еден од партнерите го држи другиот за прстите
Оној кој ги држи прстите на другиот покажува посветеност и желба да го одбрани љубовниот партнер. Оној чии прсти се во дланката покажува целосна доверба и препуштеност. Ваквиот тип на држење на прстите демонстрира здрава врска со светла иднина.
Прегратка околу струкот
Се работи за страсна и еротска врска. Ако нема реципроцитет, се работи за гест преку кој едниот покажува дека другиот „му припаѓа само него.“
Сериозно потпирање
Најчесто се работи за жена која се потпира на мажот, бидејќи несвесно и во животот ѝ е потребна таа поддршка. Ваквите парови сакаат да покажат доза елеганција и префинетост, а меѓу другото ова е гест на стабилност на емоциите.
М. Д. | Црнобело