10 знаци по кои се познава човекот кој размислува за неверство
Врските меѓу луѓето се комплексна и лесно кршлива работа. Посебно меѓу љубовните партнери.
Не може да очекувате постојано да ја имате истата страст, среќа и возбуда, бидејќи времето си го прави своето.
Кога емоциите ќе се стишат, не сите имаат храброст да стават крај, па решаваат да се потпрат на лаги и неверство од било каков тип.
Како да познаете дали вие или вашиот партнер сте дојдени до таа фаза?
Луѓето кои размислуваат за неверство или веќе изневеруваат, најлесно ќе ги познаете по следниве знаци:
1. Нервозни се кога ќе им го допрете мобилниот
Никој не сака да му копате по приватноста и не би ни требало да го правите тоа. Но, ако едноставно го допрете мобилниот за да го подадете бидејќи упорно ѕвони, а другата страна избувне наместо да каже благодарам, нешто не е во ред.
2. Често се задржуваат на работа „заради неочекувани обврски“
На секој човек му се случила непредвидена обврска, состанок или пролонгирање на работното време. Но, доколку е често станува симптоматично.
3. Имаат љубоморни испади од ништо
Во мали количини, љубомората е здрава. Но, ако одеднаш партнерот почне со љубоморни испади предизвикани од апсолутно ништо, можеби нападот е најдобра одбрана.
4. Им пречи вниманието кое им го посветувате
Никогаш не ни е доста од луѓето кои ги сакаме. Секој обожава да добива внимание од саканата личност, па ако одеднаш почнат да се жалат дека ги гушите и претерувате со грижата, откријте ја причината.
5. Одбиваат било каква сексуална интимност
Сексуалната интимност е многу важна за хармонична врска. Не секогаш мора да летаат искри, но мора да има барем желба. Тоталната отсутност на желба и иницијатива е предупредувачки знак.
6. Не ги дискутираат плановите за во иднина
Ако преку ноќ темите за заеднички живот, одмор или вдомување милениче пресушија, можеби повеќе не ги делите истите планови за иднината. Време е за разговор.
7. Подаруваат скапи подароци после кавга или зачестено, без причина
Прекрасно е да добивате подароци и прекрасно е тие да не бидат само по повод роденден или годишнина. Но, ако скапите подароци почнат да се појавуваат често, без причина или откако сте се скарале, логично е да се запрашате - зошто толкава потреба за материјално усреќување?
8. Нагло го менуваат расположението
Сосема е во ред да имате по некоја кавга, дури и во јавност, меѓутоа емоциите и реакциите може да се контролираат. Ако расположението се менува нагло, неочекувано и непредвидено, не прифаќајте било какво оправдување.
9. Почнуваат да избегнуваат сериозни разговори
Без оглед на тоа дали едноставно ја менуваат темата или се вадат со изговорот дека не се расположени и имале тежок ден на работа, треба да размислите што се случува. Секој има лош ден, но незаинтересираноста за вас и заедничките теми не треба да ја оправдувате.
10. Претежно се гледате само вие двајца
Ако се познавате и гледате долго време, а не се дружите со ниту еден негов/нејзин пријател/ка или член од семејството, не е добар знак. Луѓето кои имаат сериозни намери, воопшто нема да се двоумат дали да ве запознаат и здружат со блиските.
М. Д. | Црнобело