Дали бракот носи повеќе негативни отколку позитивни работи?

Некои велат дека бракот е најдобрата работа која им се случила во животот, а други пак тврдат дека е далеку од сонце, виножита и насмевки.

Dali-brakot-nosi-povekje-negativni-otkolku-pozitivni-raboti-01.jpg

Концептот „до крајот на животот“ или „додека смртта не нè раздели“ за многумина е една истрошена парадигма, која модерното општество ја заменува со едноставно партнерство кое не мора да се означи со никаков потпис во матично или крунисување во црква.

Дали навистина бракот носи повеќе негативни отколку позитивни работи? Еве кои се размислувањата:

Повеќе не си целосно слободен да правиш сè што сакаш

Реално, откако ќе стапиш во брачен однос, поголем дел од активностите (сакал/а или не сакал/а) ги правиш заедно со брачниот партнер. Некој сака повеќе да излегува, друг ужива да седи дома и тука се прави простор за магичното зборче наречено компромис.

Зарем бракот не е еден огромен компромис? Не станува збор дека луѓето се менуваат целосно од корен, но се прават одредени отстапки, земајќи ги чувствата на партнерот, како и неговиот распоред предвид.

Збогум редовни излегувања до рано наутро со друштвото и јадење половина торта во својот кревет.

Статистички постои огромна шанса за развод

Стапката на разводи е прилично висока и не покажува тренд на опаѓање, туку напротив, постојано расте и се зголемува.

Некаде достигнува дури и до 50%, што значи дека половина од двојките кои ќе се венчаат годинава за одреден временски период и ќе се разведат.

Тоа и не се некои сјајни оптимистички податоци, а на некои едноставно не им се ризикува. Разводот е многу посложен отколку обичното раскинување, што е само уште една причина многумина да го пречкртаат бракот од листата на животни одлуки.

Одговорен си и за некој друг

Кога си во брак, покрај одговорноста која ја носиш за себе, сносиш одговорност и за партнерот. Треба да си тука за сите негови (не)зрели одлуки и заедно да се справувате со сите животни предизвици. Звучи смешно, но тоа е исто како да имаш дете и да си нечие дете, покрај тоа што си им на своите родители.

Бракот е одамна надмината институција

Се прогнозира дека за 50-тина години бракот како институција ќе биде одамна избришан од општественото уредување. Многумина се убедени дека е непотребен и внесува само дополнителен притисок и тензија во односите. Времето ќе покаже колку ова размислување е (не)точно.

Свадбите се непотребно трошење пари

Сумите кои се трошат за организација на една просечна свадба се вртоглаво големи. Покрај финансискиот аспект предизвикуваат и голем стрес и караници. Голем дел од луѓето сакаат да го одбегнат ова по секоја цена. Едноставно имаат попаметна идеја каде и како би ги потрошиле парите.

Прашањето „Кога ќе имате деца?“ нема да изостане

Мислите дека откако ќе се венчате, семејствата конечно ќе ве остават намира. Вистината е дека прво ви прават притисок да се омажите / ожените, а веднаш потоа започнуваат прашањата кога ќе видат внучиња.

Мислите дека ќе одморите и после првото дете, но нема, бидејќи веднаш започнуваат со следното очигледно прашање: А второ кога?

Ве притискаат да си го смените презимето

Суптилно ве задираат со прашања што планирате со моминското презиме и зарем нема да биде предолго ако она на момчето го додадете на своето презиме. Кога на шега велите – а зошто мажот не би го додал или би го земал моето презиме ве погледнуваат како да сте ја кажале најголемата глупост и како да сте непријател број 1.

Го делите својот кревет секоја вечер... до крајот на животот

Или барем додека трае бракот. Колку и да звучи чудно, одеднаш се присетувате како е да се спие комотно и слободно сам во креветот, без некој да ви го краде покривачот, да ве бутка и да ви грчи навечер.

Сексот станува монотон

Прилично дискутабилно, но огромен број на брачни парови тврдат дека сексот во брак станува по малку предвидлив, монотон и просто досаден.

Дали доаѓа со бракот, со годините или едноставно зависи од карактерот и односите помеѓу партнерите, останува да си одлучи секој за себе.

Дали се согласувате дека бракот носи повеќе недостатоци отколку предности во животот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg