13 моќни тајни на цврстите љубовни врски
Дали знаете кои се тајните кои водат до успешна, среќна и значајна љубовна врска?
Вернон Хауард во Mystic Path to Cosmic Power зборува за духовните и психолошки вистини прикажани низ едноставни поими.
Прочитајте ги следниве тајни за тоа како да имате значајна врска кои се извадок од истата книга:
Самодоверба – во врската тој што има подлабока самодоверба е посмирен и стабилен.
Избегнете манипулација – не дозволувајте однесувањето на другата личност да ги диктира вашите чувства за себеси.
Намерите се поважни од делата – не им верувајте на луѓето на нивните зборови и дела само наизглед. Наместо тоа, обидете се да ја разберете внатрешната намера и она што стои зад нивните дела и зборови.
Чувство на индивидуалност – ако пријателството или врската бара од вас да се откажете од вашата личност и достоинство, тогаш не вреди.
Чувство на еднаквост со сите други луѓе – чудно, но сите ние сме слични по природа. Не можете да се повредите себеси без да повредите некој друг и обратно. Слично на ова, не можете да направите некој среќен, ако вие не го добиете истото.
Познавање на себеси – колку повеќе се разбирате себеси, толку подобро ќе ги разбирате другите.
Целосно искуство во човечките врски – дозволете си себеси да ги искусите сите човечки врски. Само тогаш ќе ги гледате работите јасно.
Знајте што значи љубовта – ако го знаете вистинското значење на љубовта, нема да ве повреди ако вашата љубов е незабележана или одбиена.
Научете како да се справите со скршено срце – справете се со тоа и надминете го пред да најдете замена.
Ценете го пријатното и непријатното – целосното искуство на пријатните и непријатните работи ќе ви даде целосна и реална слика за човекот.
Знајте што ви штети – немојте да бидете слепи за раните кои ве повредуваат.
Желбата и потребата не се исти со љубовта – желбата прави да имате потреба од повеќе задоволство. Љубовта е мир сама по себе и предизвикува задоволство.
Бидете свои – трудете се да бидете вистинската личност за човекот кој го сакате. Не се обидувајте да бидете нешто друго за да им се допаднете на луѓето.
М. М. | Црнобело