6 работи кои партнерот ги прави од љубов, иако не ви изгледа така
Некои врски може да се наречат токсични бидејќи буквално луѓето во неа се трујат емоционално.
Тоа се случува кога еден од партнерите ќе стане себичен или има желба за моќ и контрола над другиот.
Но, понекогаш заклучоците кои ги носиме и тоа како работите изгледаат, не се совпаѓаат со в истината и реалноста.
Има моменти кога мислиме дека намерите на партнерот се лоши или здодевни, но всушност тие ја покажувааат љубовта и грижата.
За да ја разберете вистинската причина на случувањата во врската, погледнете ги овие ситуации:
Постојано „проповедање“
Да, тоа може да заморува. „Можеше да направиш така, можеше да направиш онака“. Но дали причината за тоа е незадоволството на партнерот? Размислете подобро. Можеби партнерот верува во вас и вашите способности и мисли дека треба да го покажете талентот.
Ништо освен вистината
Бидете искрени – кога ќе ви постават прашање, дали навистина сакате да ја слушнете вистината или само сакате да ви дадат одобрување дека сте во право?
Одговорете си го ова прашање за да не мора да барате скриени намери во искрените и директни одговори кои саканиот/а ќе ви ги даде.
Оддалечување
Љубовта е како ролеркостер. Оди нагоре кога чувствата се најсилни и жарот гори, а потоа се спушта надолу кога ќе почнат проблемите да влијаат на врската.
Ако на вашиот партнер му е потребно малку време насамо за да се справи со проблемите, не мислете дека дошло крај на врската. Дајте му го потребното време, а искористете го и вие тоа за вашите интереси.
Незадоволство од изгледот
Длабоко во себе, на сите нас ни се потребни комплименти кои ќе нѐ уверат дека не треба да се суди по нашиот изглед. Но, ако одеднаш се здебелите и вашиот партнер ве предупреди за тоа, не мора веднаш да помислите дека не ве сака и дека не му се допаѓате.
Сфатете го тоа како грижа за вашето здравје, а не како навреда.
Поминување на слободното време одвоено
Сите имаме свој карактер, интереси и круг на познаници и пријатели. Ако вашиот партнер е љубител на природата и авантурист кој сака мир, а вие сте тип кој сака гласни дружби и забава, не се навредувајте ако не ве покани на планинарење со пријателите.
Можеби тој само мисли на вас и знае дека ќе ви биде здодевно, па ви остава простор и вие да правите што сакате со вашите пријатели.
Оддалечување по кавга
Сите луѓе и парови се расправаат одвреме-навреме и тоа е сосема нормално. Но, не е нормално да очекувате дека партнерот ќе трча по вас веднаш за да се смирите.
На сите ни е потребно време да се смириме и да размислиме за нашите чувства и зборови. Тоа е потреба, не желба за да ве повреди повеќе. Бидете трпеливи.
М. М. | Црнобело