Не е романтичен, туку посесивен: 4 знаци дека партнерот сака да ве контролира

Постојаното ѕвонење, односно проверувањето каде сте и со кого, на почетокот може да ви делува како доказ за љубовта. Но, токму тоа e еден од показателите дека личноста со која сте во врска, всушност има потреба да го контролира секоја ваш чекор.

ne-e-romantichen-tuku-posesiven-4-znaci-deka-partnerot-saka-da-ve-kontrolira-1.jpg

За жал, понекогаш е тешко да сфатите дека станува збор за контрола, но доколку во вашата врска ги препознаете овие четири знаци, тогаш тоа дефинитивно не е љубов, туку опсесија:

Очекува секогаш да му се јавите 

Ако случајно го пропуштите неговиот повик, станува сомничав и љубоморен, а ниту едно ваше образложение не е доволно добро да ги оттргне неговите сомнежи.

ne-e-romantichen-tuku-posesiven-4-znaci-deka-partnerot-saka-da-ve-kontrolira-2.jpg

Отворено приговара кога некаде одите без него

На некои жени ќе им делува романтично, но реалноста е сепак малку поинаква. Мажите кои се опседнати со контролирање, едноставно не можат да ги поднесат ни најбенигните работи, како на пример кафе средбата на која одите со другарките.

ne-e-romantichen-tuku-posesiven-4-znaci-deka-partnerot-saka-da-ve-kontrolira-3.jpg

Знае неочекувано да се појави кај вас

Или ако живеете заедно, знае ненадејно да се „нацрта“ дома, како да очекува дека ќе пронајде нешто што не би требало. Постои разлика помеѓу романтичните изненадувања и неконтролираната љубомора.

ne-e-romantichen-tuku-posesiven-4-znaci-deka-partnerot-saka-da-ve-kontrolira-4.jpg

Очекува да му дозволите читање на пораките

А, најчестиот аргумент е: „ако немаш што да криеш, ќе ми дадеш да видам со кого се допишуваш“. Пораките се приватна работа, а ваквите фраери ќе пронајдат нешто сомнитечно, дури и кога тоа не постои, само за да можат да докажат дека се во право.

ne-e-romantichen-tuku-posesiven-4-znaci-deka-partnerot-saka-da-ve-kontrolira-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg