5 начини повеќе да уживате во бакнувањето

Сите сме имале лоши искуства со бакнувањето. Има многу фактори што влијаат на тоа дали еден бакнеж е добар или не.

5-nachini-povekje-da-uzhivate-vo-baknuvanjeto-01.jpg

Секогаш е добро да се знаат нови начини со кои повеќе ќе уживаме во бакнувањето со партнерот.

Следете ги советите во продолжение и уживајте во бакнежите.

Секогаш имајте свеж здив

Здивот е една од најважните работи на кои треба да внимавате. Лошиот здив ќе го уништи бакнежот, па затоа е најдобро здивот секогаш да ви биде свеж. Носете си гуми за џвакање со вас.

Бидете присутни во моментот

Додека се бакнувате, сконцентрирајте се и потполно препуштете се на моментот. Затворете ги очите и не се брзајте.

Направете го првиот чекор

Не чекајте постојано од партнерот да преземе иницијатива. Бакнете го вие први и направете го тоа со самодоверба, без страв.

Користете ги рацете

Слободно користете ги рацете додека се бакнувате. Допрете го партнерот на вратот, главата, образите. Препуштете се целосно на бакнувањето.

5-nachini-povekje-da-uzhivate-vo-baknuvanjeto-02.jpg

Не се бакнувајте само во уста

Класичните бакнежи во уста се супер, но понекогаш направете мала промена и бакнете го партнерот во образот, на вратот или на ушите. Уживањето ќе биде уште поголемо.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg