11 навидум досадни работи кои ги прават паровите во долги врски, а ја зајакнуваат интимата

Секако дека интимноста се врти генерално околу сексот и добрата комуникација помеѓу партнерите, но на долги патеки заедничкиот живот е како сложувалка од стотици мали парченца, а секое од нив на свој начин ја зајакнува врската и интимата.

11-navidum-dosadni-raboti-koi-ja-zajaknuvaat-intimata-01.jpg

Понекогаш на прв поглед дел од тие парчиња се досадни, неинтересни или невозбудливи, а на сингл луѓето можеби ќе им звучат чудно, но ова се само дел од активностите кои ја зајакнуваат врската помеѓу двајца луѓе:

Заедничко пазарување

Некому ќе му звучи бизарно. Што има возбудливо во туркање количка во огромен супер-маркет и купување тоалетна хартија и брокули? Сепак, прилично многу заеднички работи се откриваат токму преку заедничкото купување работи за домот.

Чистење на домот

Да, звучи крајно досадно и неинспиративно. Но, работите заедно, а со помош на музика и потпевнување и обичните работи стануваат интересни. Плус, работата се завршува двојно побрзо кога работите двајцата, наместо само еден.

Потсетување на важни детали

Моментот кога добивате повик со кој момчето ве потсетува да не заборавите да си ја платите сметката делува пензионерски, но симпатично и слатко. Убаво е кога некој се грижи за вас, и обратно.

Слично облекување

Не подеднакво исто, нормално, бидејќи не сте близнаци, ниту клонови. Но, паровите кои се долго време заедно развиваат слични афинитети, особено во поглед на боите. А и не е крај на светот ако носите маички кои се надополнуваат. Напротив, прилично кул е.

Гледање филмови и заеднички серии

Да, има парови кои повеќе уживаат во останување дома и гледање добар филм или омилената серија. И нема апсолутно ништо лошо во врска со тоа, бидејќи кој знае – подеднакво возбудливо е како излегување навечер.

Уживање во тишина

Постои време за разговор и време за тишина. А кога ќе пронајдете некого покрај кого тишината не е мачна, непријатна и заглушувачка, тогаш знаете дека покрај вас го имате вистинскиот човек.

Дискусии за „тривијални“ нешта

Дали сте од оние кои може да поминат по еден час дискутирајќи за некоја тотална глупост, но студиозно и сериозно како да решавате проблем од животна важност? Добредојдовте во светот наречен вистинска љубов и интима.

Подарување смешни работи

Не секој подарок треба да биде добро осмислен, романтичен и грандиозен. Постојат „сериозни“ подароци и оние наменети исклучиво за забава. Секако дека ќе се изнасмеете на ѕвончето на кои пишува „Ѕвони за секс“ или на смотаниот привезок. Некои овие работи ги сметаат за беспотребни, но малите ситници го прават животот. А смеата е само дополнителен зачин.

Пишување смс пораки кога сте дома

Дали сте се нашле во ситуација кога сте во различни соби и ве мрзи да станете, па дури и да викнете по партнерот? Зарем пишувањето смс порака до некој кој е во другата соба звучи толку многу бесмислено? Секако дека не. Тоа е просто логичен чекор во долгите врски.  

Јадење како прасиња

Секој кој се обидел да изеде огромен сендвич со десет сосови знае колку невозможно е да се задржи достоинствениот изглед. И тоа е тој момент, кога седнати крснозе на подот или малата клуб масичка јадете како да ќе нема утре. Како да е крајот на светот. Јадете како мали прасиња измачкани околу устите и се бакнувате.

Делење на козметички производи

Ви се случило да се послужите со лосионот за после бричење на партнерот затоа што прочитавте дека е одличен прајмер за шминка? Или тој ја заборавил неговата крема за лице и „краде“ од вашата додека сте на одмор, жалејќи се зошто мириса на лаванда? Да, сум прснала кришум од дезодорансот на партнерот кога сум сфатила дека е потрошен мојот и не – не ми е срам.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg