10 начини како да бидете барем малку поромантични
Романтиката е нешто што се учи, колку и да не сакате да признаете и тврдите дека едноставно „не сте таков тип“.
70% од жените сакаат романтичен партнер, меѓутоа тоа не значи дека секој ден очекуваат букети и свеќи.
Постојат 10 „безболни“ начини на кои од денес може да бидете поромантични:
1. Внимателно слушајте и паметете ги ситниците кои партнерот ви ги кажува.
2. Останете дома една вечер и гответе нешто заедно, наместо да излезете.
3. Почнете активности и хобија во пар.
4. Испланирајте изненадување, колку и да е мало и евтино.
5. Демонстрирајте ја љубовта преку фотографии – пратете вљубена фотка од почетокот на врската или некоја идеја како би сакале да се сликате.
6. Малите ливчиња со љубовни пораки прават чуда.
7. Исто и пораките за добро утро и добра ноќ.
8. Кажете ги емоциите во лице, не преку Инстаграм, Фејсбук и било каква порака.
9. Исклучете се од сè и не го перципирајте времето додека сте со него/неа.
10. Кога некој ќе ве праша што ви е најважно во животот – веќе претпоставувате што треба да одговорите.
М. Д. | Црнобело