8 знаци дека треба да ги заштитите сопствените интереси во врската
Секогаш зборуваме за рамноправност и за потребата од меѓусебна почит на интересите.
Теоретски, сите го знаеме тоа, но дали е така и во пракса?
Многу често се случува во врските да не постои еднаквост и едниот да користи повеќе од другиот, или некој да дава повеќе, а да добива помалку.
Можеби овие илустрации ќе ви помогнат да сфатите дека имате проблем во врската:
Нееднакво распоредување на времето и обврските за општите потреби
Дали ви се случува секојдневно да станете, да одите да испазарите и да подготвите доручек, ручек, ужина и вечера, само затоа што вашиот партнер е навикнат да има готово јадење редовно?
Работите дополнителна работа затоа што немате доволно пари за да го „чувате“ саканиот? Вашата плата не е доволна за двајца, а тој не ни бара работа? Не е фер.
Заедничко живење, кое му одговара само на еден
Вашиот партнер живее во вашиот дом и ги делите трошоците за храна на пола? Дали секој од вас во бањата има свои работи кои си ги купил смо за себе? Наизменично готвите и чистите? Изгледа како сѐ да е во ред, но сепак не е фер само да се бројат работите и да се ставаат на вага.
Замислена финансиска независност
Не си нудите финансиска поддршка еден на друг во тешки периоди. Но, на крајот на краиштата сите знаат дека парите можат да уништат врска. Сигурно ја знаете изреката – „Ако сакате да изгубите пријател, побарајте му пари“.
Немате на кој да се потпрете
Се плашите да настинете затоа што знаете дека нема кој да биде покрај вас? Мислите ли дека и вашиот партнер ќе го може истото без вас, бидејќи тој е вашето дете? Или мора секогаш да бидете покрај него во овие моменти и да го храните како да е мало бебе.
Секој со своите проблеми
Не му кажувате на вашиот партнер за вашите проблеми и маки бидејќи мислите дека нема да сочувствува со вас? Не барате совет бидејќи не сте доволно запознаени со случувањата еден на друг? Немате поддршка кога ви е очајно потребна.
Полови разлики
Дали ве обвинуваат дека не знаете да поправите чешма во кујна? Дали сте засрамени од тоа дека не знаете да подготвите ручек вкусен како на мајка ви? Ве соевтуваат да почнете да заработувате сериозно за да станете добра домаќинка?
Непризнавање на одговорност
Вашите деца не се толку талентирани како на пријателите? Тапетот во собата кој го избравте заедно одеднаш стана ужасен „благодарение само на вашиот лош вкус“? Дали постојано ви ја префрлаат вината и одговорна за сѐ што ве засега двајцата?
Несоодветно хоби
Дали вашата трака за вежбање зафаќа премногу место? Дали пречите во филмовите и игрите на партнерот, бидејќи многу гласно шиете, везете и дишете?!? Вашето хоби секогаш трпи критики?
Совет: Вашите интереси треба да бидат ставени пред сè друго
Немате доволно простор во плакарот иако вашите работи зафаќаат помалку од половина простор во него? Некогаш работите си ги наоѓате во канта за отпадоци бидејќи било полесно да се фрлат за просторот да дише? Вашите потребни не се земаат во обзир за разлика од оние на партнерот. Не е фер...
М. М. | Црнобело