- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
4 правила за врските по кои секогаш треба да се водите
Животот ќе беше многу полесен ако за секоја препрека во животот имаше некој правилник со сите одговори и решенија на проблемите.
Сѐ би било поедноставно кога би знаеле како на правилен начин да се справите со тешките ситуации со кои се соочуваме секојдневно.
А, голем дел од маките кои ги имаме, мора да признаеме дека се поврзани со љубовта.
Па затоа, ќе ви откриеме неколку „тајни“ правила ако сакате да имате хармонична врска:
Не можете да натерате некој да ве засака
Луѓето не се обврзани да возвратат на љубовта. И вие не би можеле да засакате некој кој не ви се допаѓа само затоа што е лудо заљубен во вас, нели?
Мора да ги почитуваме чувствата и одлуките на другите луше. Така ќе се покажете како добра личност. А потоа, личноста која се обидувате да ја освоите, сама ќе одлучи дали ги исполнувате очекувањата и предизвикувате чувства.
Ако сте сакани, ќе го знаете тоа
Сигурно знаете како изгледа некој добро да се однесува со вас и свесни сте дека се забележува ако на некој му се допаѓате. Веднаш ќе знаете дека некој ве издвојува од сите останати, ако поминува многу време со вас, ве почитува и се грижи за вашите чувства, без разлика што ќе се случи.
Но, ако партнерот избегнува да поминува многу време со вас, тогаш добро е да погледнете објективно на ситуацијата и да не барате оправдувања за него.
Мора да се сакате себеси, за да сакате некој друг
Сакањето себеси не е себичност или нарцисоидност – едноставно, мора да си ги почитувате вашите желби, чувства и потреби. Тоа значи дека никогаш нема да направите нешто што ќе ве повреди без разлика колкаво задоволство ви претставува.
Зачувајте си го образот и бидете достоинствени во секоја ситуација. Ако знаете како да се сакате себеси, ќе знаете и со другите луѓе да се однесувате со љубов и почит.
Тоа значи и дека никогаш нема да го натерате партнерот да прави нешто против негова волја, а тоа е многу важно во врската.
Ако некој престане да ве сака, поминете преку тоа
Колку и да звучи злобно, никој не е должен да ве сака засекогаш, без разлика дали сте имале 3 деца или сте изградиле палата украсена со дијаманти за таа личност.
Тоа мора да го прифатите и да поминете преку тоа, а не да се навраќате постојано.
Ако чувствата на другата личност избледат, мислете на најдоброто што може да го направите – ставете крај на старата приказна и почнете нова со некој кој ќе има чувства за вас, но и обратно.
Сигурно не сакате да терате некој со сила да биде со вас само заради минатото.
М. М. | Црнобело