8 работи за вашата врска кои не треба да ги интересираат другите
Секако дека луѓето се љубопитни и сакаат да знаат нешто повеќе за врската во која се наоѓате, но не секогаш треба да им го дозволите тоа задоволство.
Ако се најдете во ситуација да треба да одговорите на некое од следниве 8 прашања, запомнете дека мора да смислите креативен начин да ги избегнете:
1. Зошто не ги поминувате празниците заедно?
Звучи како трик прашање кое сугерира дека нешто не е во ред. Нема потреба да одговарате.
2. Кога ќе се венчате?
Тоа е ваша лична работа и одлука. На крајот од краиштата, не секоја врска мора да заврши со брак.
3. Колку тој/таа заработува?
Апсолутно некоректно е да зборувате за финансиската ситуација на партнерот.
4. Дали и колку често се карате?
Интимна информација која не смее да ја споделите, бидејќи повеќето луѓе ги интересира за да се ситат на туѓата несреќа.
5. Дали ќе живеете заедно пред брак?
Освен ако не сте веќе договорени со партнерот/партнерката, нема потреба да одговарате. Очекувајте секој да има различно мислење на оваа тема.
6. Што не ти се допаѓа кај него/неа?
Уште еден разговор кој треба да го направите само со човекот со кој сте во врска, а не со сите наоколу.
7. Колку планирате да потрошите на венчавката?
Ваш ден, ваш паричник, ваши правила.
8. Кога ќе имате деца?
Без оглед на тоа колку пати ќе ви биде поставено, ова е од оние прашања кои заслужуваат игнорирање. Бидејќи реално, и вие не го знаете прецизниот одговор.
М. Д. | Црнобело