4 теми за кои треба да разговарате со партнерот ако планирате заеднички живот
Девојките често си го претставуваат заедничкиот живот со момчето како идилична бајка и мислат дека сé ќе тече „како подмачкано“.
Сепак, партнерите треба добро да се подготват пред да започнат со ова ново поглавје во животот.
Ова се 4-те најважни теми за кои треба да разговарате со партнерот пред да започнете да живеете заедно:
Каде ќе живеете?
Не е исто партнерот да се всели кај вас, вие кај него или заедно да изнајмите стан. Во првите два случаи, разговарајте за тоа како ќе ги распоредите облеката и личните работи во станот. Внимавајте да не настојувате премногу на вашите навики и пробајте да се прилагодите еден на друг.
Истото важи и ако изнајмите заеднички стан. Договорете се околу локацијата, изгледот на станот и домашните обврски.
Личен простор
Ако долго време сте сакале да живеете со партнерот и да поминувате голем дел од времето заедно, не значи дека веќе нема да имате потреба за тишина и време за себе. За ова најдобро е искрено и отворено да разговарате и да објасните дека здраво е да се поминува време сам, барем на кратко. Така ќе се зближите уште повеќе и нема да се презаситите еден од друг.
Заеднички трошоци
Финансискиот дел е исклучително важен кога одлучувате да живеете заедно. Има многу работи за кои треба да се разговара – како ќе ги делите трошоците за сметки, кирија, храна?
Ова се важни прашања кои треба да ги решите за да избегнете идни несогласувања.
Гости
Откако ќе почнете да живеете заедно со партнерот, не можете веќе сами да одлучувате кој ќе доаѓа на гости и колку време ќе седи. Пронајдете решение и направете компромис со кој никој од вас нема да биде загрозен.
Гледање фудбал со другарите е во ред, сé додека не се случува премногу често, а ни тој не би сакал бесконечно да ги слуша трач-партиите на вашите другарки.
М. В. | Црнобело