Како да престанете да се споредувате со новата девојка на бившиот?
Раскинувањето е тешко. Сите сме поминале низ тоа независно дали излегуваме од долга врска или од некоја кратка, последиците се непријатни, чудни и секогаш болат. По некое време, болката од раскинувањето поминува и се станува полесно. Сè е лесно и мислите дека тој период е позади вас сè додека не здогледате некоја слика од вашиот бивши со неговата нова девојка на социјалните мрежи.
Во вашата глава наеднаш експлодираат емоции за кои не сте биле свесни дека ги имате. Чувството е уште потешко ако вие не сте во врска, а вашиот бивши се однесува како конечно да е со девојката од неговите соништа.
Тешко е да не сме љубопитни за таа нова личност во животот на некого кого сме го сакале, и сигурно сите сме биле во улога на детективи за да дознаеме повеќе за нејзиниот живот.
Ги прегледувате по повеќе пати сликите на Инстаграм, се споредувате по изглед, успех и сè што ќе ви падне на памет. Листата на психопатско однесување едноставно не запира. Се претварате во лоша личност која го осудува со презир секој чекор на некоја жена која не ја ни знаете добро.
Еве зошто се споредуваме со девојката на нашиот бивши и како да го прекинеме мазохистичкиот процес:
Зошто продолжуваме да се споредуваме, кога знаеме дека само ќе не направи уште понесреќни?
Кога се споредувате со новиот партнер на вашиот бивши или со претходниот партнер на вашиот сегашен, тоа е затоа што сакате да биде едни и единствени во неговиот живот, а кога тоа не ви успева, тогаш сакате да бидете барем најдобрата која ја имале.
Сето тоа споредување веројатно значи дека не се чусвтвувате добро во своја кожа и сега ви треба некоја форма на валидација. Се прашувате дали новата девојка е подобра од вас. Го анализирате нејзиниот изглед, потоа нејзиниот успех и нејзината среќа па и тоа како се однесува вашиот бивши со неа и дали изгледаат среќно заедно.
Кога ќе се најдете во ситуација во која го споредувате вашиот живот со нивниот, потсетете се на нешто со кое сте горди, некое ваше достигнување на работа или некое мало куче кое што тукушто го посвоивте и се грижите за него.
Проблемот не е во тоа со кого се тие во врска, туку во тоа колку се цениме самите себеси. Почнете да се цените повеќе!
Што гледа во неа што го немам јас?
Тоа што можеби вие сте објективно подобри на некој начин од девојката на вашиот бивши не значи дека сте покомпатибилни со него. Тоа што тие се во врска со некого кој се разликува многу од вас, кажува многу повеќе за него отколку за вас.
Таа е поразлична од вас и тоа е и целата поента. Раскинавте со причина и колку и да сакате да се споредувате едноставно за љубовта не постои математичка формула. Не треба да се опседнувате со детали, едноставно некои луѓе не си одговараат и не можат да функционираат заедно.
Како да прекинете да и го следите секој чекор?
Ова е само една обична навика, па однесувајте се со ова однесување како што би се однесувале со одвикнување од нешто. Направете се што треба, отследете го од социјалните мрежи, не ѝ го гледајте профилот.
Бидете дисциплинирани и почнете времете да го трошите на самите себеси. Научете се да се сакате и да се почитувате доволно за да ја прекинете оваа ужасна навика. Запомнете најдобрата одмазда е да уживате во животот.
А. В. | Црнобело