6 знаци дека вие сте проблемот што вашето пријателство прекинало откако влеговте во врска

Новите врски се возбудливи, но има голема шанса дека ќе се изгубите во убавината на врската и ќе ги ставите пријателствата на страна. Не е лесно да се балансира помеѓу нова врска и пријателства кои траат со години. Сепак, не постои изговор да дозволите вашето пријателство да прекине само затоа што повеќе сакате да го поминувате времете со новата љубов.

6-znaci-deka-vie-ste-problemot-sto-vaseto-prijatelstvo-prekinalo-otkako-vlegovte-vo-vrska-001.jpg 

Вашите пријатели се сигурно среќни за вас, но тоа не значи дека нема да почуствуваат кога ги запоставувате бидејќи биле секогаш тука за вас пред да ја запознаете вашата нова љубов.

Ако забележите дека вашето пријателство постепено се прекинува откако влеговте во врска, можеби вие сте причината за тоа. Погледнете ги предурпедувачките знаци дека можеби е време да направите промена:

Често ги откажувате плановите со пријателите

Иако е разбирливо дека сега ви е поинтересно и почетокот на врската ви е возбудлив, сепак не заборавајте на луѓето кои биле тука за вас пред да влезете во врска. Тие се тие кои ќе останат со вас ако ја прекинете врската.

Заборавате да им се јавите

Разговорот со најдобриот пријател е многу важен но многу е лесно да заборавите на тоа кога поминувате премногу време со личноста во која сте вљубени. Кога не контактирате со вашите пријатели тоа е голем показател дека набрзо можете да ги изгубите од животот.

Кога разговарате со нив, цело време зборувате за вашето момче/девојка

Колку и да е интересно за вас, вашите пријатели несакаат да ги знаат сите детали. Не треба целиот разговор да биде ориентиран околу вашата нова љубов. Потсетете се на тоа што сте разговорале пред да влезете во врска.

Цело слободно време го посветувате на вашата врска

Играте улога на детективи, секоја минута сакате да ја поминете во негово или нејзино друштво, сè ви е досадно кога не сте заедно. Ова се знаци дека е време да се замислите дали сте претерале во опседнатоста. Потсетете се дека бевте своја личност пред да влезете во врска.

Не ги слушате пријателите и нивните сингл проблеми

Кога ќе излеземе од сингл животот многу брзо забораваме како било претходно. Не е во ред да заборавите вашите пријатели затоа што сега имате различен животен стил. Ниту пак е во ред да ги осудувате нивните избори затоа што сега имате поразлични гледишта.

Вашите пријатели се дистанцираат од вас

Можеби сè уште не сте забележале, но вашите пријатели можеби не ни вложуваат енергија да пробуваат да се дружат со вас. Ако не им обрнувате доволно внимание и не сте способни да направите баланс тие ќе престанат да пробуваат да бидат ваши пријатели. Ако тие прекинале да ви се јавуваат или да пробуваат да ве контактираат, размислете добро дали вреди да се дистанцирате од нив, за врска која може еден ден и да заврши.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg