Го преживеала Холокаустот благодарение на војник кој ја спасил: Љубовна приказна која траела 70 години

Кога 23-годишниот Џон Мекеј ја спасил 20-годишната Едит Штајнер од Аушвиц во 1944-та година, никој од нив не замислувал дека ќе го поминат животот заедно.

go-prezhiveala-holokaustot-blagodarenie-na-vojnik-koj-ja-spasil-ljubovna-prikazna-koja-traela-70-godini-01.jpg

Џон, кој избегал од затворенички воен камп во Либија, бил дел од командосите кои ја ослободиле Едит и уште многу други од страшниот концентрационен логор.

Едит која била родена во Унгарија, изгубила 35 членови од нејзината фамилија за време на Холокаустот, а преживеале само таа и нејзината мајка.

На прославата за ослободувањето, Џон замолил пријател да ја праша Едит дали сака да танцува со него, но таа му пренела порака дека ќе прифати само ако тој лично ја покани.

Војникот собрал храброст и дошол до неа, a нивниот прв танц бил почеток на љубовна приказна која траела повеќе од 70 години.

go-prezhiveala-holokaustot-blagodarenie-na-vojnik-koj-ja-spasil-ljubovna-prikazna-koja-traela-70-godini-02.jpg

Тие се венчале на 17-ти јули, 1946-та година, а имаат и 2 деца, Шерон и Питер.

go-prezhiveala-holokaustot-blagodarenie-na-vojnik-koj-ja-spasil-ljubovna-prikazna-koja-traela-70-godini-03.jpg

go-prezhiveala-holokaustot-blagodarenie-na-vojnik-koj-ja-spasil-ljubovna-prikazna-koja-traela-70-godini-04.jpg

Парот се прослави оваа година кога го дочекаа 71-иот заеднички ден на вљубените, но за жал, 3 недели пред нивната годишнина, Едит починала на 92 години.

go-prezhiveala-holokaustot-blagodarenie-na-vojnik-koj-ja-spasil-ljubovna-prikazna-koja-traela-70-godini-05.jpg

Иако таа веќе не е помеѓу нас, оваа неверојатна љубовна приказна ќе живее засекогаш како потсетник за тоа што значи вистинска љубов.

go-prezhiveala-holokaustot-blagodarenie-na-vojnik-koj-ja-spasil-ljubovna-prikazna-koja-traela-70-godini-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg