9 секс навики кои секоја жена треба да ги усвои во 20-ите
Досега сте слушнале толку многу секс совети, што веќе не знаете во што да верувате. Што е точно, а што не?
Овие 9 секс навики не се толкуваат како правилни и погрешни. Само како неопходни ако сакате да бидете сексуално среќни и задоволни.
Што треба да почне или да престане да прави секоја жена во 20-ите, на тема секс?
1. Одолејте ѝ на потребата да лажирате оргазам. Прво, никој не се труди со минути да ве задоволи за вие да го излажете дека успеал. Второ, се лажете самите себеси и запаѓате во замката на лош секс.
2. Мастурбирајте. Клучна навика за задоволство во кревет. Така учите како ви функционира телото и тука нема ништо страшно.
3. Ако партнерот не може да ве доведе до оргазам, кажете му или покажете му како да го направи тоа. Нема да ви се налути, верувајте.
4. Ако одбива да користи заштита, кажете чао. Ниту еден секс не е толку добар за следните месец дена да ги поминете во параноја.
5. Отворено разговарајте на тема полово преносливи болести, колку и да ви е непријатно. Полошо ќе биде да дознаете подоцна.
6. Престанете да се грижите дали сè е совршено мазно. Ако сакате бразилска депилација, направете ја. Ако сакате поприроден изглед, дозволете си го. Секој може да се справи со сè, додека е уредно.
7. Ослободете се од било кој временски период кој го имате во главата. Зборуваме за оној дека „мора да помине еден месец пред да имаме секс“. Поентата е – правете ги работите како и кога сакате.
8. Не се согласувајте на секс само затоа што чувствувате дека би требало.
9. Кажете не ако не сакате секс. Имате право дури и да се предомислите на веќе започната акција. Ниту едно „ама ајде, ова не е фер“ не треба да ве плаши.
М. Д. | Црнобело