10 љубовни совети од паровите кои со години живеат во хармонија

Со согласувањето да живееме цел живот заедно со некого, не значи и дека сме свесни што тоа навистина значи и какви потешкотии носи.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-01.jpg 

Сепак постојат некои правила до кои се држат сите оние кои успеале да ги пребродат сите тешки моменти и да останат заедно засекогаш.

Според неколку истражувања, ова се тие правила со кои паровите живеат среќно до крајот на животот:

Ако нешто не ви се допаѓа – само кажете

Нема полошо од фразата: „Се сеќаваш кога лани ти направи...?“. Незадоволството и горчината ја уништуваат вашата врска. Зборувајте за сѐ и решавајте ги проблемите.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-02.jpg

Имајте ритуали: заеднички појадок, туширање или вежбање

Таквите мали работи ќе ве прават среќни и ќе им се радувате кога знаете дека се ближат, а ќе ја одржуваат врската цврста.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-03.jpg

Не се плашете да бидете оригинални

Сите имаме некои мали ритуали кои си ги чуваме само за себе: некој се срами да пее, па пее само под туш, а некој танцува само кога е сам дома. Но, според искусните, не треба да се срамите од овие необични работи, туку тие работи треба да ги сакате еден кај друг.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-04.jpg

Ставајте се себеси на прво место

Не треба да бидете од оние парови кои сѐ прават заедно и сите реченици ги почнуваат со „ние“. Не заборавајте дека вие сте посебен човек и што и да се случи треба да продолжите со вашиот живот.

Секако, во умерени граници. Заедничките интереси се важни, но треба да ги почитувате и вашите лични интереси.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-05.jpg

Давајте комплименти

И не само за надворешниот изглед, туку и за однесувањето и делата кои ги прави партнерот за вас. И заборавете на критикувањето.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-06.jpg

Почитувајте ги мислењата и ставовите на партнерот

Разбирање и поддршка се најважните работи во една врска. Сите луѓе се различни и нормално е да имаат различни интереси и мислења, а вие треба тоа да го почитувате и да си давате поддршка еден на друг и да учите работи еден од друг.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-07.jpg

Бакнувајте се кога ќе се сртнете или додека седите некаде

И во секое друго време. Нема потреба од многу објаснување. Едноставно, бакнувањето е важно за емоционалната врска.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-08.jpg

Искажувајте ги вашите чувства

Бидете свесни за своите чувства, признавајте ги вашите стравови и желби и зборувајте за љубовта. Тоа ќе ви помогне вашата врска да созрее и да се зацврсти.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-09.jpg

Допирајте се

Прегрнете се кога ќе се видите, држете се за раце додека гледате филм или бакнете се за добро утро – допирот прави да се чувствувате сигурно и самоуверено. Тоа ги задоволува основните потреби на човекот.

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-10.jpg

Заблагодарете се

Никогаш не заборавајте да им се заблагодарите на вашите најблиски дури и за најмалите ситници. Тоа значи многу!

10-pravila-za-ljuboven-zhivot-ispolnet-so-harmonija-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg