Секој пар треба да доживее неколку „први пати“ во врската
Искуствата кои ќе ги доживеете за прв пат со партнерот се незаборавни и тие спомени ќе ги памтите засекогаш.
И не мислиме само на првиот пат кога ќе водите љубов. Постојат неколку работи кои се прават прв пат, а се исто толку интимни и на ист начин ќе ве зближат со партнерот и ќе ви ја зацврстат врската.
Првото плачење
Споделување на емотивни моменти со некој што го сакаш е навистина посебно искуство. Ве поврзува со партнерот на едно ново ниво, без разлика дали станува збор за солзи од среќа или тага.
Првото патување
Многу парови велат дека првото заедничко патување е највозбудливо и патување кое се памти цел живот. Првото патување претставува своевиден тест за врската и за тоа колку сте компатибилни и како се снаоѓате во секојдневните ситуации.
Првата голема кавга
Сте се налутиле еден на друг, некој некого изнервирал со својата постапка или едноставно не ви е денот. Првата голема кавга ќе ве научи како да бидете потолерантни и да направите компромис за важните работи.
Првиот секс по кавга
Целиот бес и нервоза некако преминуваат во сексуална желба. Ова е дефинитивно нешто што многу парови го практикуваат и го препорачуваат.
Првиот ден поминат сами дома
Цел ден сте слободни и одлучувате да го поминете дома заедно. Прв пат се опуштате во тренерки, со пица и филм. Супер поминато време, зарем не?
М. В. | Црнобело