5 важни работи што запознавањето на неговите родители ќе ви ги открие за врската
Запознавањето на родителите на партнерот е често непријатно искуство. И, додека сме сигурни дека сакате да ги импресионирате на првата средба, експертите тврдат дека тоа време може да го искористите и за да дознаете нешто повеќе за него.
Начинот на кој тој комуницира со членовите на своето семејство, но и начинот на кој неговото семејство комуницира со вас, може да ви дадат важни информации за тоа каква иднина ве очекува како пар.
Воедно, тоа е и одличен начин да видите дали постојат било какви „црвени знамиња“ на кои треба да внимавате.
Петте знаци на предупредување што не смее да ги игнорирате кога се запознавате со родителите на партнерот се следните:
1. Тие викаат едни на други
Од своите родители учиме како да комуницираме со другите, при што постои тенденција да усвоиме начини на комуницирање кои се многу слични на нивните. А, викањето не е начинот што сакате да се применува и во вашиот однос, тогаш кога ќе се појават проблемите.
2. Тие немаат граници
Недостатокот на граници може да прерасне во и тоа каков проблем за паровите, со оглед на тоа што истото може да значи дека неговото семејство ќе се меша и во вашите одлуки како двојка. Доколку помислите дека тоа би можело да биде случајот и со вас, тогаш поразговарајте околу нештата кои треба да останат помеѓу вас двајцата.
3. Нивните шеги се сурови
Ако шегите, односно хуморот генерално, ја преминуваат границата на добриот вкус, тоа би можело да укажува на нездрава динамика во комуникацијата. Посебно „црвено знаменце“ е доколку неговото семејство ги повторува навредите. Значи, ако некој се пошегува еднаш на негова сметка, тоа не е проблем. Но, доколку шегата се повторува, а почнат да ја повторуваат и останатите членови, тогаш тоа дефинитивно е проблем, затоа што без исклучоци ќе влијае на неговата самодоверба, но и на перцепцијата дека таквите шеги се сосема нормални.
4. Го критикуваат пред вас
Со тек на време, ќе почне и тој да ги критикува другите пред вас, а потоа доаѓате и вие на ред. Во секој случај, за таквите работи е важно да се разговара што порано, како би се поставиле јасни граници.
5. Не ви е пријатно со нив
Обрнете внимание и на личните реакции на неговото семејство и нивните односи. Чувството на нелагодност, всушност, може да укажува на некои проблеми во односот кои не се така очигледни на прв поглед.
М. А. | Црнобело