9 знаци дека сте премногу попустливи кон партнерот
Некои жени се толку попустливи кон партнерот, што веќе не знаат каде е границата до која смеат да допуштаат сé и сешто.
Понекогаш мислат дека тоа го прават од љубов, понекогаш од недоволна почит кон себеси, од страв дека ќе останам сами и слично.
Ако се пронајдете во поголемиот дел од текстот, време е да застанете на својот став и да не дозволите партнерот лесно да ве поколеба или да се однесува лошо кон вас.
1. Се плашите партнерот да не ве остави.
2. Се менувате себе и својот изглед за да личите на неговата „идеална жена“.
3. Потајно мислите дека не ја заслужувате неговата добрина.
4. Кога партнерот се однесува лошо кон вас, наоѓате причини да го оправдате тоа.
5. Партнерот лесно може да ве разубеди во некој став, особено додека се карате.
6. Се плашите да му се спротивставите.
7. Купувате нова облека или правите промени во изгледот само за да ви даде позитивни комплименти.
8. Ако се однесува лошо кон вас, ја менувате темата или одбегнувате кавга.
9. Измислувате изговори за неговото однесување, пред себе и пред другите.
М. В. | Црнобело