4 прашања на кои треба да одговорите пред да живеете заедно
После неколку месеци или години во прекрасна врска со некого, конечно сте уверени дека сте спремни за наредниот голем чекор: да се вселите заедно.
Но, пред да се впуштите во таа авантура, еве едно прашање кое треба да се запрашате: Дали сте спремни? Секогаш е најдобро пред ваков чекор паровите да се договорат како сакаат и планираат да го живеат заедничкиот живот.
Животот е непредвлив да, меѓутоа на самиот почеток би сакале да ги поставите параметрите и да дојдете до заеднички договор што ќе биде од корист на двајцата.
Затоа, навистина е важно да можете да ги одговорите овие неколку прашања пред официјално да одлучите да живеете со вашиот партнер под ист кров:
1. Дали врската води кон нешто посериозно или едноставно сакате да живеете заедно?
Понекогаш некои парови се вселуваат заедно само поради тоа што е практично да живеат на исто место. Многу е полесно на тој начин да поминувате време заедно без цело време да носите цела фиока со вас кога ќе одите на преспиете на друго место.
Некои парови пак се одлучуваат на овој чекор со цел тоа до води кон брак. Ако размислувате да се вселите заедно, двајцата треба да кажете јасна причина зошто го сакате тој чекор и дали тоа води кон нешто посериозно. Бидете искрени за да не стане проблемот посериозен подоцна?
2. Дали исто размислувате за домашните обврски?
Можеби вие сакате се во домот да ви биде екстра чисто и организирано, а вашиот партнер нема проблем да живее во хаос. Иако со овие работи се изглегува на крај, сепак треба да бидете спремни за малку повеќе вложен труд со цел да ги надминете различностите.
Ќе биде потребно да се справувате со генералки, пазарување во маркет и секојдневни работи како миење садови. Треба внимателно да ги поделите обврските пред да дозволите љубовта да настрада од нешто толку банално.
3. Дали исто размислувате за давање личен простор?
Живеењето заедно значи дека ќе поминувате многу повеќе време заедно од вообичаено. Така, ако порано сте си давале простор еден на друг да си недостасувате, сега ќе бидете заедно цело време.
Ако ти сакаш да поминеш мирна вечер дома со твојот партнер, а тој сака да излезе некаде со другарите на пијачка, дали си подготвена да направиш планови со кои нема баш целосно да се согласуваш?
Личниот простор е многу важен за да успее една врска, затоа разговарајте со партнерот дали имате исто мислење пред да се вселите заедно.
4. Дали ќе ги споите финансиите?
Темата за финансии варира од пар до пар. Кај некои е лесно да разговараат и да преговараат за оваа деликатна тема а кај некои постои голем проблем кога станува збор за финансии.
Финансиите знаат многу често да направат сериозни проблеми и да раскинат долги врски. Ако едниот знае многу да штеди а другиот троши неверојатно многу, ќе треба да почнете да размислувате за компромис.
Разговарајте искрено за тоа дали ќе ги споите финансиите на исто место и отворени признајте дали сакате да штедите или обожавате да се расфрлате со пари.
А. В. | Црнобело