15 идеи за совршен летен состанок
Летните високи температури не треба да ве обврзат да останувате почесто дома, наместо да излегувате со партнерот.
Има толку многу интересни места кои вреди да се посетат во текот на летниот период, од романтични ресторани, излети во природа, посета на некоја светска метропола и слично.
Ние ви предлагаме 15 идеи за супер љубовен состанок, дома или надвор, во кои сигурно ќе уживате и ќе внесете романтика во топлите, летни денови:
1. Посетете некој луна парк.
2. Направете си пикник под отворено небо.
3. Уживајте во кафе на омилената клупа во парк.
4. Посетете некоја локална винарија.
5. Посетете салон за убавина каде ќе се опуштите со масажа.
6. Возете велосипед некаде надвор од градот.
7. Поминете еден ден на базен.
8. Подгответе си вечера заедно, во домашен амбиент.
9. Одете на час по танцување.
10. Посетете планетариум.
11. Играјте друштвени игри: карти, Mонопол, Ризик, изборот е ваш.
12. Одете на куглање.
13. Посетете некој европски град и направете интересни фотографии.
14. Посетете театарска претстава или филм на отворено.
15. Направете си сами коктели и уживајте во дворот или на балконот.
М. В. | Црнобело