Како да го надминете раскинувањето, ако вие сте ставиле крај на врската?
Кога е прекинот на љубовниот однос во прашање, многу почесто се говори за „оставените“ личности. Но, и особата која го иницирала раскинувањето подеднакво страда, па потребно ѝ е да ја преболи ситуацијата.
За да го надминете раскинувањето, ако вие сте ставиле крај на врската, ова се советите кои може да ви помогнат тоа да го направите што побрзо:
Немајте грижа на совест
Иницијаторите на раскинувањето најчесто имаат големо чувство на вина, особено кога ќе видат дека другата особа пати. Но, доколку прекинот на врската е она што сте го сакале, тогаш не допуштајте туѓите зборови да ве уверат дека сте постапиле погрешно. Секој има право да излезе од врската која не му одговара.
Не се претворајте во психолог
Често, на партнерот што го оставате ќе му биде потребна поддршка, а ако сакате и подготвени сте да му ја пружите – во ред е. Но, не дозволувајте таа иста иста личност да ве увери дека тоа е ваша работа. Секој мора да помине низ одредени фази за да го надмине раскинувањето, а фазата во која вие треба да бидете нечиј психолог не е една од нив.
Не се извинувајте
Ќе има и такви што многу ќе ви замерат на одлуката да ја прекинете врската, но немојте да дозволите тоа да ве поколеба и имате чувство дека мора да се извините. Никој освен вас не знае како сте се чувствувале во врската што сте одлучиле да ја прекинете, ниту, пак, било кому освен себе мора да му одговарате за сопствените постапки.
Продолжете понатаму кога и да сакате
Не постои правило околу тоа кога смее, или, пак, не смее да излегувате со некој нов партнер. Се разбира, секогаш ќе постојат такви кои ќе ви речат дека е прерано. Ваше е само да запомните дека е важно што вие мислите, а не што мислат сите останати.
М. А. | Црнобело