Мажите се посреќни, ако се во брак со пополничка сопруга
Се грижите за вишокот на килограми? Сметате дека тоа може да се поврзува со вашата среќа во љубовта? До некаде сте во право, но на сосема спротивен начин од тоа што го помислувате.
Едно ново истражување открива дека мажите кои стапуваат во брак со пополни жени се посреќни, поточно дури 10 пати посреќни од мажите кои стапуваат во брак со слаби жени.
Истражувањето го спровеле доктор Филемон Алварадо и Едгардо Моралес покажало дека пополните партнерки повеќе се смеат и полесно ги решаваат проблемите заедно со партнерот, а заради тоа и бракот им е во подобра состојба.
Едно објаснување е дека оние кои гладуваат почесто се раздразливи, нервозни и несигурни.
Но, сепак, вкусовите се различни, па некој може да биде пресреќен со слаба партнерка, а друг да ужива во хуморот на својата полна партнерка.
Н. Г. | Црнобело