9 работи кои никогаш не можете да ги промените кај мажот

Се чини како длабоко во женските гени да е вкоренета потребата да се промени мажот или некоја негова особина, навика...

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-001.jpg

Но, честопати работите земаат погрешна насока.

Во обидот да го промените мажот не само што ќе го изгубите него, туку и себе. Помирете се, невозможно е.

А, ова се 9-те работи кои никогаш не треба да сакате да ги промените кај него, бидејќи не ни можете:

Навики

Првата работа со која мора да се помирите – неговите навики. Мажот може да се контролира додека вие го гледате, меѓутоа тоа не значи дека навиката е изгубена.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-01.jpg

Стил на облекување

Мажите не се камелеони кога се работи за мода. Некои жени се борат со овој факт, но колку побрзо се помирите дека едноставно вашиот избраник не е елегантен тип, толку полесно ќе го намалите притисокот.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-02.jpg

Односот со неговата мајка

Да не навлегуваме, ќе ни треба цела вечност. Едноставно, здружувањето со неговата мајка е најдобрата опција и крај.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-03.jpg

Хобија

Ако мажот има пасија за било кој спорт, не треба да му го одземете тоа задоволство. Помирете се и бидете флексибилни кон распоредот на натпреварите.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-04.jpg

Приоритети

Ако мажот нема деца на листата на приоритети, тогаш не ги наметнувајте. Почитувајте ја неговата листа на приоритети, сè додека и вие сте меѓу нив.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-05.jpg

Уредност

Едноставно треба да одберете со колкав процент на (не)уредност можете да се справите. Не се надевајте дека кога ќе живеете заедно тој ќе прави генералки.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-06.jpg

Пријатели

Не го потценувајте неговиот избор на луѓе со кои се дружи, бидејќи и вие сте еден од неговите избори.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-07.jpg

Лажење

Кога еднаш ќе го уловите дека лаже - не се надевајте дека навиката ќе се промени преку ноќ. Тоа е тоа, дејството ќе се повтори, а вие секојпат ќе бидете сè полути на себе затоа што сте се надевале дека нема да  има следен пат.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-08.jpg

Непристојност

Психолозите потврдуваат дека непристојноста и манирите не се менуваат. Тие се учат од мали нозе и остануваат исти. Без оглед на тоа колку пати мажот ќе се извини заради непристојниот гест, верувајте дека ќе го повтори, макар и несвесно.

9-raboti-koi-nikogas-ne-mozete-da-gi-promenite-kaj-mazot-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg