6 причини зошто летото е најдобар период во кој можете да ставите крај на врската

Раскинувањето е болно, независно во која годишна сезона ќе се случи. Посебно ако се случи наеднаш и не сте го очекувале.

6-pricini-zosto-letoto-e-najdobar-period-vo-koj-mozete-da-stavite-kraj-na-vrskata-001.jpg

Но, кога неизбежното ќе се случи , веројатноста е дека многу помалку ќе ве боли ако се случи во текот на летото.

Еве 6 причини зошто е подобро да раскинете во лето отколку во било која друга годишна сезона:

1. Летото е време за транзиција

Лиценцираните психијатри за брак и за семејство, тврдат дека паровите со деца најчесто се разведуваат во лето со цел да им дадат преоден период на нивните деца преку летото да се навикнат на новата животна ситуација пред да се вратат во есен на училиште. Истата стратегија се користи и за раскинување. Искористете ја летната транзициска атмосфера за полесно да преминете преку кршењето на срцето.

2. Кога раскинувате за време на зима имате притисок поради празниците

Зимата има многу повеќе празници на кои можете да се чувствувате осамено ако сте сингл. Славењето на Божиќ или Нова Година е навистина непријатно кога неодамна сте прекинале со врската. Летото ги нема овие признаци и една од најдборите сезони во кои можете да бидете сингл.

3. Можете да заминете на летен одмор и да се дистанцирате од проблемите

Летото е најдобрата сезона за патување. Нема училиште, бегате некаде далеку од градската горештина и сакате да бидете во центарот на авантурите со сите патувачи. Нова околина е токму тоа што ви е потребно за да се ставите крај на старите чувства. Имајте отворен ум и срце за нови авантури, прифатете кои сте и што сакате да правите и искористете го секој момент.

4. Вашите пријатели и семејство се многу поактивни преку лето

Вашите пријатели имаат повеќе слободно време и сакаат да бидат излезени повеќе со вас, сите сакаат да надокнадат за лошото зимско време кое го поминале затворени дома. Летото е одличен начин да надокнадите за препуштените авантури преку цела година. Ова е одличен период да се деконцентрирате од болката во вашето срце а тоа е најважно кога сакате да се излечите. Најлошо нешто што можете да го направите самите за себе е да се затворите и да размислувате за ситуација која веќе не е во ваши раце.

5. Нови симпатии

Летото е најдобар период за врски без обврски. Иако можеби нема да бидете подгтотвени за нова врска, сепак тоа не значи дека неможете да се впуштите во кратки авантури кои ќе ви помогнат повторно да ја подигнете вашата самодоверба и едноставно да се забавувате.

6. Сонцето го зголемува лачењето на серотонин

Колу повеќе време поминувате надвор на сонце, толку ќе бидете посреќни. Среќните хормони се лачат кога сте изложени на сонце. Сличен ефект се постигнува и кога сте физички активни. Затоа излезете и бидете активни на сонце.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg