Уживање - секс на јавни места
Ако уште не сте испробале секс на јавни места, а додека сте во шопинг нема гужва и продавачка која нема да ви дозволи да влезете двајца во...
...гардероба, слободно препуштете се на ваква игра.
Девојката нека проба долна облека и уште неколку парчиња облека кои ќе одземат повеќе време за “пробување“. Така ќе изгледате поубедливо.
Одберете затворена гардероба (каде доле нема да ви ѕиркаат стапалата), а повремено излегувајте и земајте уште парталчиња за пробување.
За да ја избегнете гужвата отидете да купувате порано наутро и избегнувајте мали бутици. Ако ништо друго во гардеробата испробајте орален секс. Возбудата е голема, а задоволството – незаборавно. Играта продолжете ја дома.
Канцеларијата е идеален простор за секс. Ако останувате доцна на работа и имате клуч од канцеларијата, слободно дозволете си малку приватност.
Стол, маса, орален секс, фотокопир, кујничка и што ли уште не! Потрудете се само да не оставите траги по мебелот.
Авантура во автомобил овозможува нови локации за секс. Понесете влажни марамици и ќебенце.
Отидете на некоја напуштена нива, на крајот од градот, планина, плажа, брдо во приквечерието или ноќта. Имате комоција и можност брзо да побегнете од незгодна ситуација.
Ако ве возбудува помислата дека некој ве гледа одберете пешачка патека, парк, крајбрежје на море или река или јавен паркинг. Препуштете се еден на друг и уживајте во сексот на јавни места!
Имате да додадете некој ваш предлог?