Во кој ден луѓето најчесто имаат секс?
Дали е вистина дека четврток е најдобар ден за секс? Иако некои експерти тврдат дека токму во четврток природното ниво на кортизол е највисоко, па така стимулацијата за сексуална желба е најчеста, сепак постојат други истражувања кои покажуваат поразлично.
Едно онлајн истражување покажало дека луѓето најчесто имаат секс во сабота навечер.
Поточно, во 22 часот и 24 минути.
Овој податок не нè чуди со оглед на тоа што сабота е најопуштениот ден.
Истражувањето исто така покажало дека двата пола се највозбудени во сабота околу 17 часот и 35 минути, но обично чекаат 5 часа за да ги исполнат своите желби.
Дури половина од испитаниците признале дека најмногу сакаат секс во сабота, а понеделник како ден го мразат за интимна дружба.
М. Д. | Црнобело