Кои се најчестите лаги при флертување на интернет?
Живееме во време кога виртуелното запознавање и стекнувањето „пријатели“ по пат на социјалните мрежи стана сосема нормална работа.
Кога станува збор за виртуелно создадениот имиџ, во повеќето случаи се случува луѓето лажно да се претставуваат на страниците за запознавање, а со намера да пронајдат потенцијален партнер.
Кога се припадничките на понежниот пол во прашање, најчестите лаги се поврзани со тежината на жената, додека мажите најчесто лажат за својата висина, работното место и големината на заработувачката.
Спроведеното истражување на сервисот BeautifulPeople.com, открива дека 40% од мажите лажат дека заработуваат повеќе при запознавањето на интернет, додека истото го прават и 33% од жените. Понатаму, потрвдено е дека лажењето е особено застапено на платформите за запознавање и договарање средби.
При флертувањето на интернет, како најчести лаги со кои се служат припадниците на посилниот пол, се издвојуваат:
- Дека имаат подобра работа
- Дека се повисоки
- Дека се послаби или потешки
- Дека имаат мускулеста градба
- Дека супер заработуваат
- Дека супер се облекуваат
- Дека нивната професија е интересна
- Дека имаат факултетска диплома
- Дека познаваат некои славни или угледни луѓе
- Дека се отворени и комуникативни
М. А. | Црнобело