3 физички карактеристики кои одредуваат дали сте привлечни или не
Нема сомнеж дека карактерните особини се токму оние преку кои се раѓа привлечноста помеѓу двајца партнери. Според едно ново истражување човечката физиономија исто така игра голема улога при дефинирањето на привлечноста.
Всушност, според швајцарските научници, привлечноста која ја чувствуваме кон некоја друга личност претставува една од најкомплицираните способности на човековиот мозок.
Според направените истражувања, во продолжение прочитајте кои еволутивни особини најчесто ги привлекуваат луѓето.
Форма на тело
Очигледно, секоја личност може за многу краток временски период да процени што е тоа што го привлекува кај неговиот партнер. Кога е во прашање физиономијата, момците најмногу ги привлекуваат девојки со широки колкови и тесен струк, и тоа во сооднос 10:7, додека пак девојките најмногу ги привлекуваат момци со рамен сооднос на половина и колкови 9:10. Исто така 90% од девојките одговориле дека момче со голема и цврста вилица се смета за идеално момче.
Боја на коса
Според едно истражување објавено во Скандинавскиот весник за психологија, бринетите се сметаат за најпривлечни, но сепак блондинките се оние кои луѓето најчесто ги поврзуваат со младоста и виталноста како особини.
Должина на прстите
Според одредени истражувања докажано било дека колку е подолг „вереничкиот“ прст во однос на малиот прст толку е поголемо количеството на тестостерон со кое зрачи секоја личност.
С. У. | Црнобело