Зошто врските со постари жени и помлади мажи се контроверзни?

Кога многу постар маж е во врска со помлада жена, тоа за општеството е далеку поприфатливо, отколку кога постара жена е во врска со многу помлад маж.

postar-maz-so-pomlada-zena-da-postara-zena-so-pomlad-maz-ne-01.jpg

Дека ова е вистина, нè потсети случајот на францускиот претседател Емануел Макрон кој е во брак со 25 години постарата Брижит Макрон. Медиумите полудеа заради овие број откако Макрон беше одбран за претседател, сосема заборавајќи на разликата, пример, меќу 70-годишниот Доналд Трамп и 47 годишната Меланија.

Мажот кој успеал да освои 20 години помлада жена добива тапкање по рамо и пофалби, а жената која успеала да освои 20 години помлад маж добива прекорни погледи и критики. Секако дека постојат исклучоци, но во поголемиот број на случаи, таква е ситуацијата.

Заради тоа, првиот случај не предизвикува ниту трепнување, а вториот се смета за неприроден, контроверзен, па дури и недозволив. Секако, станува збор за двојни стандарди и лицемерие, но постојат уште неколку причини зошто е тоа така.

Имено, речиси сите се убедени дека мажите стареат подобро од жените и дека припадничките на понежниот пол мораат многу повеќе да се грижат кога ќе почнат да стареат за да изгледаат привлечно и заводливо.

Па, на мажите им е дозволено да влегуваат во врски со помлади жени, гледајќи го нивниот физички изглед. Ако мажот има стомак, седа коса или видливи брчки, тоа на мажот му дава шарм, а на жената уште една причина плус да посегне по третмани за разубавување и подмладување.

Уште една причина зошто општеството е полесно може да ја прифати врската на постарите мажи со помлади жени е прокреацијата. Првиот случај може да има дете, а за постарите жени, таа можност е намалена, речиси невозможна.

Но, кој има право да суди за туѓите врски и љубовта? Годините треба да се гледаат само како бројки и на секому да се допушти да биде среќен.

Своето искуство со нас го сподели младиот маж кој бил во врска со 30 години постара жена од себе.

„Треба да бидеш со отворен ум. Бев во врска со три постари жени кои никогаш претходно не помислиле дека можат да бидат во врска со помлад маж, сè додека околностите не нè споија. На пример, одев со 49-годишна жена кога имав само 19 години. Нејзиниот сопруг и мојот татко беа најдобри пријатели и деловни партнери. Нејзиниот сопруг ја игнорираше. АС, се случи еден ден да бидам кај нив дома. Така станавме љубовници. Никогаш не го остави сопругот. Тој до ден денес не знае за приказнава“ - напишало момчето на форум.

Сосема отворено за тоа зборува и 62-годишната Американка Сузан Винтер, авторка на „Older Women, Younger Men“. Сузан не била во врска со маж постар од 41 година, а првата врска со помлад маж ја имала кога имала 36 години, а тој 22.

Треба да спомнам, никогаш не планирав да стапам во брак, ниту пак да имам деца. Неколкупати ја менував и кариерата. Врската со Рајан прекина заради притисокот од неговите родители, но и од целата околина.

Секако, не на сите мажи, постарите жени им се привлечни. Станува збор за специфична група мажи, кои се попаметни и имаат длабоки емоции. Па, сакаат да бидат покрај некој од кој ќе можат да учат. На нив не им е многу важно како изгледа жената, поважна им е длабочината и емоционалната стабилност.

А, и жените кои решиле да бидат во врска со помлад маж мораат да се одлучат на компромис. Иако финансиски бев во подобра состојба, никогаш не помислував да му бидам спонзор. Ако ме викнеше да излеземе, одевме во кино. Ако седневме да вечераме, седнувавме во ресторан за брза храна. Морате да дозволите да има своја слобода и независност.

Но, луѓето не ја одобруваа нашата врска. Почесто ме прашуваа случајно да не сум му мајка. Моите пријатели мажи го омаловажуваа, претпоставувајќи дека сме заедно само за секс.

Мажите тоа можат да го прават - Лери Кинг, Мајкл Даглас, Трамп, а зошто не можат жените? Тоа е само уште едно застарено правило.

После 20 години од нашата врска, Рајан ми се јави да излеземе и да се вииме. Сега е во среќен брак со постара жена која неговите родители на почетокот не ја прифаќале. Но, кој треба да гази по туѓата среќа само затоа што општеството има одредени правила?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg