10 ситуации во кои не треба да имате секс - инаку ќе зажалите

Заблуда е дека сексот може да го поправи односот во кој едната страна не сака заедничка иднина, а подобро е да го избегнувате и доколку во тој момент не сте расположени. За сплеткувањето со поранешното момче на пријателката и да не говориме.

10-situacii-vo-koi-ne-treba-da-imate-seks-inaku-kje-zazhalite-1.jpg

Сексот е добра идеја, ама не секогаш и во сите околности. За да не се покаете што воопшто сте се впуштиле во таква авантура, заобиколете ги интимните односи во следните десет ситуации:

1. Ако реално не сакате секс...

Ако не сте сигурни дали попрво би имале односи или би се испружиле во креветот и гледале омилената серија, тогаш не се форсирајте. Доколку ви е непријантно поради нешто што прави вашиот партнер, најдобро е убаво да му објасните дека тоа не ви одговара или дека не ве возбудува. Во секој случај, со форсирање на секс нема ниту да се забавувате, а ни добро да се чувствувате.

2. Ако се надевате дека повеќе ќе му се допаѓате...

Ако се гледате со некој за кого не сте сигурни колку му се допаѓате и имате ли иднина заедно, не го форсирајте сексот како начин на кој ќе го импресионирате и поттикнете повеќе да ве вреднува. Таквата стратегија е ретко успешна, напротив, по ваквиот секс, почесто доаѓа до оддалечување, отколку до зближување на партнерите. Ако тоа не е тоа – прекинете и продолжете понатаму.

10-situacii-vo-koi-ne-treba-da-imate-seks-inaku-kje-zazhalite-2_copy.jpg

3. Ако сè повеќе се оддалечува...

Ако не можете да го добиете на телефoн или никогаш нема време за вас, заборавете на сексот. Тој нема да ве зближи, туку само ќе му олесни да прекине со вас. Врската со ваков партнер нема иднина. Ако на почетокот не сака да го помине секој слободен момент со вас, тешко дека со сексот ќе се искачите на врвот од листата на приоритети.

4. Ако ви дал до знаење дека не сака ништо сериозно...

Ретко кога мажите отворено им кажуваат на жените дека не сакаат врска, но ако тоа ви го каже – сфатете го сериозно. Под услов да не сакате секс без обврски, не впуштајте се во интимни односи. Ретки се примерите кога од необврзниот секс настанува врска.

10-situacii-vo-koi-ne-treba-da-imate-seks-inaku-kje-zazhalite-3.jpg

5. Ако знаете дека му се допаѓате, а вие само барате забава...

Истото правило важи и обратно. Не влетувајте се во секс авантура со некој што е заљубен во вас, а кон кого не негувате исти чуства. Од таквиот „аранжман“ не може да излезе ништо добро, затоа што вашите очекувања се поприлично различни.

6. Ако имате чувство дека се „залепил“ за вас...

Во случаите кога мажот со кого сте отпочнале врска многу се „пали“ на вас, а вие и не сте баш луди по него, сексот само дополнително ќе ви го искомплицира односот. Доколку имате секс, индиректно ќе му порачате дека сакате нешто повеќе, а бидејќи не го сакате тоа, за двајцата е подобро што побрзо да го прекинете односот.

10-situacii-vo-koi-ne-treba-da-imate-seks-inaku-kje-zazhalite-4.jpg

7. Ако ѝ е бивш на вашата пријателка...

Постои само една и единствена опција да се сплеткате со поранешниот партнер на пријателката, а што и таа и околината би ја прифатиле. Тоа е – тој да биде човекот на вашиот живот. Но, ова мошне ретко се случува, воглавно во ситуации кога сте се познавале уште пред нивната врска. Сепак, дури и тогаш умее да биде проблематично. Во сите останати случаи, попрво прескокнете го и најдете си некој што нема историја со вашите пријателки.  

8. Ако има цела збирка на „луди“ бивши...

Доколку забележите дека мажот со кого се среќавате лошо зборува за своите поранешни девојки, голема е веројатноста дека проблемот е тој, а не тие.

10-situacii-vo-koi-ne-treba-da-imate-seks-inaku-kje-zazhalite-5.jpg

9. Ако и двајцата сте под дејство...

Кога сте под влијание на алкохол или други опијати, не ни помислувајте на секс со странец. Како прво, не се познавате и не знаете што таквото дејство може да извлече од него, а како второ, можно е да направите нешто за што следниот ден горко ќе се каете. Ваквите одлуки може долгорочно да ве прогонуваат, па најмудро е да го решите проблемот така што ќе заминете во спротивен правец и добро ќе се наспиете.

10. Ако се противи на заштита...

Ако одбива да користи презерватив, не се согласувајте на секс, само затоа што сте возбудени. Неговата неодговорност може да ви го промени целиот живот.

10-situacii-vo-koi-ne-treba-da-imate-seks-inaku-kje-zazhalite-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg