Навики кои водат кон прекинување на врската

Љубовта е хаотична, бидејќи ние како луѓе сме хаотични.

20-naviki-koi-vodat-kon-prekinuvanje-na-vrskata-001.jpg

Честопати остануваме комплетно затворени во бариерите на сопствените размислувања, па не можеме да ги видиме сопствените грешки.

Дали ви се слуучило да ви заврши некоја врска поради слична причина?

Ова се најчестите навики кои водат кон крај на врската:

1. Не сакате да ги споделите тешките чувства со вашиот партнер.

2. Очекувате партнерот да ги исполни вашите барања на начин на кој само вие можете да ги исполните.

3. Ја користите љубовта како изговор за неприфатливо однесување, љубомора, прекумерна контрола, па дури и злоупотреба.

4. Донесување на сопствени одлуки, без претходен разговор со партнерот.

5. Запоставување на хобијата кои ве правеле среќни и очекување од партнерот да го направи истото.

6. Запоставување на пријателите со цел повеќе време да поминувате со партнерот.

7. Преокупираност со храна, алкохол, шопинг, која ве дефокусира од реалниот живот.

8. Чување на тајни, што ќе го компромитира нивото на доверба во вашата врска.

9. Барање од партнерот да има исто мислење со вас за политички прашања или духовни ставови.

10. Користење хумор за да се избегне решавањето на некое конкретно прашање.

11. Занемаруње да се преземе одговорност, и префрлање на целосната вина на партнерот. 

12. Одбивање да се извините, кога знаете дека сте направиле нешто погрешно.

13. Обрнување повеќе внимание на телефонот отколку на партнерот.

14. Потенцирање на недостатоците на вашиот партнер.

15. Нарушување на приватноста на партнерот преку проверка на телефонот.

16. Контролирање на времето кое партнерот го минува со пријателите или семејството.

17. Непреземање одговорност за одредени однесувања кои му штетат на партнерот емоционално или духовно.

18. Одбивање да се преземат чекори за грешки кои често се повторуваат.

19. Очекување да се задржи истото ниво на независност како пред стапувањето во врска.

20. Чувство на потреба од придобивките од врската, без да се обрне внимание на негативностите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg